Психологија

Психотерапевт Данче Пауновска: Поим за фигура и позадина во Гешталт терапијата

Gestalt Psychology. Your ultimate guide to Gestalt | by Dhananjay Garg | MyTake | Medium

 

 

Фигурата е доминантна потреба, она што го привлекува нашето внимание како центар (секогаш во одреден момент) и ја насочува цела наша активност ставајќи сé во позадина.

Потребно е фигурата да е јасно издвоена од позадината и да е од големо значење за организмот. Фигурата е комплетна слика која има граници. Клиентите сакаат да видат комплетни емоционални фигури или Гешталти и кога тоа ќе им се случи низ психотерапевтскиот процес доживуваат емоционално задоволство, увид и комплетна довршеност на потребата.

Често лицето врши дополнување на празнините кои биле незавршени активности, потиснати во позадината. Процесот на задоволување на потребата каде фигурата исчезнува, се стопува во позадина се нарекува разбивање на Гешталтот. Потребата е фигура а задоволената потреба веќе е позадина. Од секоја позадина изникнува многу јасна фигура а флексибилното и креативното движење помеѓу нив може да биде хронично попречено.

Позадината ја сочинуваат:

• Изминатиот живот на индивидуата – во која влегуваат карактерот, амбициозноста, животната ориентација, љубезноста и влијаат врз доживувањата кои се јавуваат во искуственото поле на сегашноста. Задача на психотерапевтот е да му помогне на лицето да го промени начинот на кој ја доживува позадината и новите доживувања да се во склад со природата на личноста, бидејќи наглата појва на фигурата може да предизвика возбуда, шок или ансиозност.

• Незавршени работи – искуства што се носат со себе се додека не се завршати дотогаш индивидуата е незадоволна иако е успешна во друго поле.

• Ставање на страна – различни приоритети можат да бидат попречени од други интересирања но добро е личноста да се наврати на нив во друго време и да ги заврши потребите а не да ги остави како незавршени кои ќе доведат до незадоволство.

• Текот на сегашното искуство – кога намерите, интерпретациите и животните теми се комплексни, доаѓа до тешкотија при кординација на фигурата и позадината. Меѓусебниот однос помеѓу фигурата и позадината е динамичен бидејќи иста позадина во зависност од нашето внимание и нтересирање може да појави различна фигура.

Процесот помеѓу фигурата и позадината треба да е флексибилен. Ако има фиксација тогаш нема јасна фигура и се јавува незавршена работа која му ремети на организмот во функционирање на сам себе со околината.

Посетете го нашиот центар:

 

Данче Пауновска – Психотерапевт

 

Related posts

Leave a Comment