Македонија

Пукање во Сарај, едно лице пренесено во болница

 

Лице со прострелна рана е пренесено во ГОБ „8-Септември“ откако бил погоден со огнено оружје. Инцидентот се случил во с.Арнакија, скопско., вчера околу 14:30 часот.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 30.08.2019 година околу 14.25 часот било пријавено дека во с.Арнакија, скопско, на влезот пред угостителски објект, Е.Ј.(21) од с.Буковиќ, скопско, пукал со пиштол во Н.З.(35) од с.Бојане, скопско. Според пријавата, до пукањето дошло по претходна расправија помеѓу 16-годишен малолетник и Џ.Ј. (21), и Е.Ј., двајцата од с.Буковиќ. Н.З. се здобил со повреда при обид да ги смири. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!