Свет

Пукање во Техеран: Иранските сили отвориле оган кон демонстрантите(ВИДЕО)

Засега не е познато дали некој е повреден во ова пукање

Иранските безбедносни сили, наводно, отвориле оган врз антивладините демонстранти во Азади на периферијата на Техеран , јавуваат медиумите.Според објавата на Твитер, пукањето дојде откако протестите се интензивираа низ целата земја.

Во клипот објавен на социјалните медиуми се слуша рафален оган огнот, како и гласови на луѓето.

Засега не е познато дали некој е повреден во ова пукање.

За потсетување, синоќа и денес голем број Иранци излегоа на улиците на Техеран, барајќи оставка од врховниот лидер по трагичната воена грешка што случајно го сруши украинскиот патнички авион со 176 патници и членови на екипажот. Никој од авионот не преживеа.

Related posts

Leave a Comment