Свет

Гранатирана воена база со американски војници,има повредени

Илустрација од Танјуг / АП Фото / Калид Мохамед

Тикрит – Четворица ирачки војници се повредени денеска во напад врз ирачката воздушна база во која се сместени американските сили, соопштија два воени извори.

Седум минофрлачки бомби биле испукани врз базата, пренесува Ројтерс.

Воени извори велат дека бомбите паднале на пистата во базата, лоцирана на околу 80 километри северно од Багдад.

 

Related posts

Leave a Comment