Свет

Пукање во Украина: Војник уби пет колеги во воена фабрика во Днипро

КИЕВ – Војник на украинската национална гарда денеска од засега непознати причини пукал во своите колеги во воена фабрика во Днепар и во таа прилика убил пет лица и ранил уште пет лица, соопшти денеска украинската полиција.

Инцидентот се случил рано утринава во ракетната фабрика „Пивденмаш“ при предавање на оружјето на чуварите, се наведува во соопштението.

Полицијата соопшти дека меѓу жртвите има четворица војници и една цивилна жена.

Како што беше соопштено, полицијата трага по избеган војник кој има пушка „калашников“ и 200 куршуми.

„Истрагата пред се ќе се фокусира на прашањето – кој бил мотивот за извршување на вакво страшно злосторство? Прво ќе се проучи прашањето дали војникот се соочил со психолошки притисок во тимот“, напиша на Фејсбук заменик министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.

Инспекторите, додава тој, ќе испитаат како војникот Артем Рјабчук дури ја поминал лекарската комисија што му овозможила пристап до оружје.

„Во секој случај, тој ќе се соочи со најстрогата казна предвидена за масовно убиство. Сега најважно е да се најде и приведе Артем Рјабчук што е можно поскоро за да нема време да изврши нови злосторства“, рече Герашченко.

Полицијата трага по избеган војник чија слика беше објавена во сите украински медиуми.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!