Свет

Путин: Блокирајте го Азовстал, но не ја завземајте фабриката

GROZLJIVO: Bo na seznamu Putina tudi Slovenija? Poglejte kaj je napovedal  ruski predsednik… – Viralko.si

МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин денеска и нареди на руската армија да се откаже од плановите за упад во фабриката Азовстал во украинскиот пристанишен град Мариупол и најави дека сака таа да остане под блокада.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска го информирал Путин дека Мариупол е окупиран, како и дека „во фабриката Азовстал останале околу 2.000 екстремисти“, пренесува Танјуг.

Рускиот претседател му рекол на министерот за одбрана дека нема потреба да се влегува во подземните коридори под фабриката и дека руските војници треба да ги блокираат сите приоди кон индустриската зона во Азовстал, пренесе Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!