Свет

Путин ги продолжи платените неработни денови до 30 април

МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин рече дека платените денови во Русија ќе бидат продолжени до 30 април.

 

„Сè уште не го поминавме врвот на епидемијата во светот и кај нас. Затоа решив да ги продолжам неработните денови до крајот на месецот, односно до 30 април “, рече рускиот претседател во обраќањето пред нацијата, пренесе Тасс.

Тој посочи дека работниците ќе бидат платени за време на неработните денови. И покрај сите напори, властите не се во состојба да ја подобрат ситуацијата во врска со вирусот корона во Москва, изјави Путин.

„Имаме голема, многу голема земја, со различна густина на населението“, рече рускиот претседател, додавајќи дека има региони каде што коронавирусот е веќе сериозна закана за луѓето, како што е во Москва каде, и покрај сите напори, властите не можат да ја подобрат ситуацијата.

Путин им се заблагодари на сите што ги почитуваат препораките за превенција од коронавирусот, особено на докторите.

Сигурен сум дека сите граѓани ќе се придружат во најголема благодарност до нашите медицински професионалци, истакна Путин.

Related posts

Leave a Comment