Свет

Путин го испраќа роботот Федор во вселената (ВИДЕО)

 

Федор хуманоиден робот долг 189 см, беше испратен во двонеделна мисија на Меѓународната вселенска станица.

Русија лансираше ракета во која роботот со прекар Федор има за цел да им помогне на астронаутите на станицата.

Официјалното име на Федор е Skybot F850 и е првиот робот што Русија го испратила во вселената.

Тој полета со ракетата Сојуз МС-14 во 6:38 часот по Московско време. од космодромот во Казахстан. Сојуз треба да пристигне во вселенската станица во сабота и да остане таму до 7 септември.

Федор немал човечка придружба во Сојуз, ставен  е на специјално адаптирано пилотско место, со руско знаме во раката.

„Одиме, одиме“, се слушаше роботот за време на полетувањето, очигледно повторувајќи ја познатата фраза од првата личност која полета во вселената, Јури Гагарин.

 

[fvplayer id=”35″]

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!