Свет

Путин го честиташе Денот на победата над фашизмот – Не смееме да дозволиме прекројување на историјата

Владимир, Путин, Русија, Руска, Федерација, 6

МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, 9 мај, на лидерите на Заедницата на независни држави (ЗНД), републики на поранешниот Советски сојуз, како и претседателите на Абхазија и Осетија и на граѓаните на Грузија и Украина, со пораката не смееме да дозволиме прекројување на историјата.

 

Како што беше објавено денес во Москва, Путин им ја честиташе на лидерите и народите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Абхазија и Јужна Осетија, како и на народите на Грузија и Украина, 76-годишнината од победата на Советскиот Сојуз (над фашизмот) во Големата патриотска војна.

„Денес имаме морална обврска внимателно да ги негуваме спомените од тие тешки години и да им ги пренесуваме своите спомени на новите генерации. Заедно мора да се спротивставиме на обидите за прекројување и фалсификување на историјата, ревидирање на резултатот од Втората светска војна и оправдување на грозоморните злосторства извршени од нацистите и нивните соработници. “, рече претседателот Путин, се наведува во соопштението на на Кремљ.

Путин изрази уверување дека „традицијата на братско пријателство и заемна посветеност, која преживеа дури и во искушенијата на војната, ќе остане солидна основа за конструктивни добрососедски односи меѓу земјите членки и нивните народи“, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател ја изрази својата благодарност до воените ветерани и советските работници и им посака добро здравје и долговечност.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!