Свет

Путин до Ердоган : Силите на Асад не беа свесни за позицијата на турските војници

Резултат со слика за erdogan and putin

Рускиот претседател Владимир Путин разговара со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за прекинот на огнот во Сирија.

Владимир Путин изрази сочувство до Реџеп Таип Ердоган за  смртта на 33 турски војници во Идлиб  и истакна дека сириските сили не биле свесни за позицијата на турските војници.

На состанокот во Кремљ, Путин рече дека ситуацијата во Идлиб станала тензична што изнудува потреба од директни разговори меѓу двајцата претседатели, кои поддржуваат различни страни во конфликтот.

Ердоган рече дека се надева оти договорот постигнат ќе ја смири ситуацијата во Сирија.

„Односите Турција и Русија се на својот врв и целта е врските да се зајакнат  уште повеќе“, рече турскиот претседател.

Related posts

Leave a Comment