Свет

Путин до Макрон: Причината за ескалацијата во Донбас се провокациите на украинските сили

Covid-conscious or power play? Why Putin kept his distance from Macron and  Scholz | The Independent

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека моменталната ескалација во Донбас е предизвикана од провокации на украинските војници, соопшти денеска прес-службата на Кремљ по нивниот телефонски разговор.

„Изразена е сериозна загриженост за драматичното влошување на ситуацијата на контактната линија во Донбас. Рускиот претседател спомна дека ескалацијата е предизвикана од провокации на украинските војници“, се наведува во соопштението што го пренесе ТАСС.

Кремљ додаде дека Путин и Макрон размениле мислења за ситуацијата околу Украина и за долгорочните правни гаранции за безбедноста на Руската Федерација.

Тие повикаа на прекин на огнот во Донбас, пренесе АФП, повикувајќи се на соопштение на Елисејската палата.

Путин и Макрон разговарале час и 45 минути.

Потоа, францускиот претседател еден час разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!