Свет

Путин: Западот со себични потези предизвикува криза, „Политиката на БРИКС поважна од кога било“

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска оцени дека заедничката политика на земјите-членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, со цел изградба на мултиполарен свет сега е поклучна од кога било.

„Сигурни сме дека лидерството на земјите од БРИКС во формулирањето на заеднички и позитивен курс кон градење на вистински мултиполарен систем на меѓудржавни односи, заснован на универзално признатите норми на меѓународното право и клучните принципи на Повелбата на ОН, е клучно како и секогаш. – рече Путин во видео-обраќање на 14-тиот самит на БРИКС, пренесува Тасс.

Тој го привлече вниманието на фактот дека сложеноста и транснационалната природа на проблемите и заканите со кои се соочува меѓународната заедница бараат потрага по колективни одговори со активно учество на овој блок.

„Многу пати кажавме дека само заедно можеме да ги решиме проблемите како што се конфликтите, борбата против тероризмот, организираниот криминал, вклучително и сајбер криминалот, борбата против климатските промени и ширењето на опасните инфекции“, рече тој.

Путин го обвини Западот дека предизвикува криза во себичните обиди да го обвини целиот свет за сопствените грешки во макроекономијата, кои можат да се надминат само со фер и заемно корисна соработка.

„Само врз основа на искрена и заемно корисна соработка е можно да се бара излез од оваа кризна состојба која настана во глобалната економија со непромислени и себични постапки на одделни земји кои, користејќи финансиски механизми, суштински ја префрлаат вината за нивната сопствени грешки во макроекономската политика“.

Земјите од БРИКС се од економска важност

Рускиот лидер истакна дека петте земји од БРИКС имаат навистина голем економски, научен, технолошки и човечки потенцијал, што им овозможува ефективно да работат заедно за да обезбедат меѓународна стабилност и безбедност, одржлив раст и просперитет и благосостојба на нивните народи.

Тој исто така додаде дека Русија е подготвена да ја зајакне соработката со Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка во широк опсег на области и да се залага за подобрување на глобалната улога на земјите од БРИКС.

– Земјите од нашиот блок ја продлабочуваат соработката во широк спектар прашања кои се на глобалната и регионалната агенда, а авторитетот на БРИКС и неговото влијание на глобалната сцена континуирано се зголемува од година во година – заклучи Путин.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!