Свет

ПУТИН ИЗДАДЕ ПОСЕБНА НАРЕДБА НА ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ: Познати се деталите од указот потпишан од рускиот претседател (ФОТО)

Владимир Путин

Путин му наложува на руското Министерство за надворешни работи да разговара со ДНР и ЛНР за воспоставување дипломатски односи, пријателство, соработка и взаемна помош

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на вооружените сили да се грижат за мирот во Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск, во согласност со декретот што тој го потпиша.

– Во врска со жалбата на шефот на Луганската Народна Република до Министерството за одбрана на Руската Федерација, пред склучувањето на договорот од став 3 на оваа уредба, спроведувањето на Вооружените сили на Руската Федерација на територијата на Луганската Народна Република за мировни цели – став 4 од уредбата на ЛНР.

Дополнително, претседателот му наложи на Министерството за надворешни работи на Русија да разговара со ДНР и ЛНР за воспоставување дипломатски односи, пријателство, соработка и взаемна помош.

Да потсетиме , Путин потпиша декрет со кој ЛНР и ДНР се признаваат како суверени и независни држави.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!