Свет

Путин најави цврста заштита на поморските области на Русија

САНКТ ПЕТЕРБУРГ – Новата руска поморска доктрина се однесува на границите и областите од национален интерес, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, во обраќањето на парадата во близина на Санкт Петербург по повод Денот на морнарицата.

„Ние отворено ги одредуваме границите и областите на руските национални интереси, виталните стратешки области. Пред сè, тоа се водите на нашиот дел од Арктикот, Црното, Охотското и Беринговото Море, Балтичкиот и Курилскиот Проток. Ќе обезбедиме нивна цврста заштита со сите средства“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Според рускиот лидер, „способноста на морнарицата е клучниот збор“.

Морнарицата е во состојба брзо да им се спротивстави на сите оние кои се обидуваат да навлезат во нашиот суверенитет и слобода. Морнарицата успешно и чесно ги исполнува стратешките задачи на границите на нашата земја и на кој било дел од планетата“, рече Путин.

Рускиот лидер традиционално присуствува на парадата на поморските бродови, што денеска се одржува во Кронштат, во близина на Санкт Петербург, по повод Денот на руската морнарица, пренесува Тасс.

Годинава учествуваат повеќе од 40 воени бродови, чамци и подморници од северната, пацифичката, балтичката и црноморската флота.

Во вториот дел од воената парада ќе учествуваат повеќе од 40 борбени авиони и хеликоптери на руската морнарица и воздухопловни сили.

Related posts

Leave a Comment