Свет

Путин : Нема да одиме во војна со никого, но ќе ги одвратиме другите земји од конфликт со нас

владимир, путин, русија

МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не планира да оди во војна со никого, но дека сака да ги одврати другите земји од конфликт со Москва.

„Ние нема да се бориме против никого. Сакаме да создадеме услови  никој да не сака да сè бори против нас“, рече тој за ТАС С во интервјуто наречено „20 прашања за Владимир Путин“.

Путин исто така рече дека САД трошат многу повеќе пари за одбраната отколку Русија.

Тој, исто така, истакна детали за еден од неговите разговори со американскиот колега Доналд Трамп за воениот буџет.

„Доналд ми рече дека усвоиле огромен воен буџет за следната година, 738 милијарди долари, мислам“, рече Путин.

Трамп, како што приметив, го кажа тоа со жалење.

„Трошоците беа превисоки. Но, тој мораше да го стори тоа, иако е за разоружување“, објасни Путин.

Related posts

Leave a Comment