Свет

Путин предупредува: Ако некој се вмеша во ситуацијата во Украина, ударот ќе биде молскавичен

„Ги имаме сите инструменти со кои сега никој не може да се пофали . Нема да се фалиме со тоа – ќе ги искористиме ако треба“, рече претседателот Путин.

Сите одлуки во врска со молневитиот удар во случај на закана за стратешката безбедност на Русија се веќе донесени, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ако некој се вмеша во ситуацијата во Украина и создаде закана од стратешка природа – ударот ќе биде молскавичен, предупреди рускиот лидер.

Ги имаме сите инструменти за тоа, со кои сега никој не може да се пофали. Нема да се фалиме со нив – ќе ги користиме ако треба“, рече Путин.

Според него, специјалната операција во Украина спречила голем конфликт што би се случил на територијата на Русија. Сите задачи од споменатата воена операција ќе бидат реализирани.

„Повторно сакам да нагласам: сите задачи од специјалната воена операција што ја спроведуваме во Донбас и Украина од 24 февруари секако ќе бидат реализирани со цел да се гарантира безбедноста на Доњецката и Луганската народна република, на рускиот Крим и на целата наша земја во историска перспектива“, изјави Путин.

Според него, руските војници со своето херојство и решителност ја спречиле вистинската закана која ја надвисна земјата.

Рускиот претседател посочи дека никому не му треба земја толку голема како Русија, таа е опасност за Западот, но тие самите се опасност за целиот свет.

Независна, голема, огромна држава дури и според нивните идеи, не е потребна“. „Тие сметаат дека им претставува опасност само со фактот дека постои“, рече Путин на состанокот на Советот на законодавци во Санкт Петербург.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!