Свет

Путин: Русија не треба да брза да ги укине ограничувањата

 

МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не треба да брза да со укинување на ограничувањата поврзани со вирусот корона, предупредувајќи дека секоја брзање за отстранување на превентивните мерки може да го поништи она што го постигнале досега.

Путин рече дека гувернерите ќе имаат одговорност да одлучат како да продолжат понатаму во нивните региони, пренесе Ројтерс.

Рускиот центар за реакција на корона вирусот порано денеска соопшти дека бројот на заболени од коронавирусот се зголемил за повеќе од 10 000 четврти ден по ред и сега изнесува 165.929.

Во исто време, во Русија има 1.537 смртни случаи од КОВИД-19.

Related posts

Leave a Comment