Свет

Путин : САД и Русија треба да си помагаат едни на други за време на пандемијата

Путин: САД и Русија треба да си помагаат едни на други за време на пандемијата 1

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека САД и Русија треба да си помагаат едни на други за време на пандемијата, изјави денеска неговиот портпарол Дмитриј Песков.

„Претседателот Путин смета дека пандемијата е време кога треба да си помагаме едни на други“, изјави пред новинарите рускиот претседателски портпарол.

Изјавата уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази подготвеност да испрати респиратори во Русија и после испраќањето на руска хуманитарна помош во САД.

Песков исто така рече дека Русија би ја прифатила понудата на САД да обезбеди респиратори доколку се појави потреба за тоа, објави новинската агенција Тасс.

Related posts

1 comment

DLM 16/04/2020 at 19:23

Овој па за да го сакаат САД-истите ако треба и ќе им го и…..и!
Мора да учел од ваш Црпе, само ако вака продолжи не смао што нема да има следен мандат туку и овој може да му се скрати.

Reply

Leave a Comment