Свет

Путин: Украина ќе ја загуби државноста доколку продолжи вака да се однесува

Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече тешка одлуката за започнување специјална воена операција во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската армија има доволно капацитет да ги изврши сите задачи поврзани со специјалната операција во Украина.

„Имаме доволно сила и ресурси да направиме сè што наумивме“, рече Путин.Рускиот претседател исто така рече дека ако Украина продолжи да се однесува како што се однесува – и украинската државност ќе биде доведена во прашање.

– Сите луѓе кои не сакаат да го разберат тоа, особено раководството на Киев, мора да разберат дека ако продолжат да го прават тоа што го прават, ја доведуваат во прашање иднината на украинската државност. Ако тоа се случи, целосно ќе биде на нивната совест – нагласи Путин.

Related posts

Leave a Comment