Свет

Путин : Што и да кажам за изборите во САД, тие ќе тврдат дека има руско мешање

Putin Pushes Back $400 Billion Development Plan, Blames Pandemic - Bloomberg

Рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше ситуацијата околу претстојните избори за претседател на САД. Што и да кажам, „нашите партнери ќе сторат сé за да тврдат дека има руско мешање“, рече тој.

„Не би ја допрел темата за изборите во САД затоа што, што и да кажам, некои наши партнери ќе сторат сè за да докажат наводно мешање на Русија во изборниот процес во САД“, рече Путин, одговарајќи на прашање на учесник на Инвестицискиот форум ,,Русија повикува” дали изборите во САД можат да ја променат глобалната политичка слика.

Сепак, тој рече дека Русија ќе се прилагоди на секој развој на ситуацијата, без оглед на тоа кој ќе победи на изборите во Америка.

„Убедени сме дека ќе се справиме со каков било развој на ситуацијата. Ние ќе ја прифатиме секоја одлука на американскиот народ и ќе соработуваме со секоја администрација . „Се надевам дека одлуките во иднина ќе бидат избалансирани, во секој случај ние сме мирни“, рече Путин.

Проценувајќи ја соработката со сегашната американска администрација, рускиот претседател рече дека има и позитивни и негативни страни, истакнувајќи дека таа администрација 46 пати до сега вовела санкции против Русија 46 .

„Вакво нешто никогаш порано не се случило. „Но, во исто време, обемот на трговија се зголеми за 30 проценти во текот на изминатата година, без оглед колку беше чудно и без оглед на ограничувањата“, рече Путин.

Тој исто така оцени дека двете земји ефикасно соработувале со цел да се стабилизира енергетскиот пазар , додавајќи дека Доналд Трамп лично дал значителен придонес во тоа.

Loading...

Related posts

Leave a Comment