Свет

Путин ја прекинува традицијата за Велигден поради короната

Фото: Алексеј Дружинин, Спутник, Кремlin Базен Фотографија преку АП

Москва – Рускиот претседател Владимир Путин годинава нема да присуствува на велигденската литургија во црква, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот претседател ќе отиде во капелата која е дел од неговата резиденција.

„Претседателот нема да оди во црква и ќе остане дома. Како што знаете, тој сега престојува и работи во резиденцијата Ново-Огерјово“, рече Песков за ТАСС.

Тој додаде дека во вечерните часови Путин ќе отиде во малата капела сместена на имотот на оваа резиденција каде ќе запали свеќа.

Loading...

Related posts

Leave a Comment