Свет

Пу, Пу, Не важи: Во Киев сега тврдат дека Зеленски не ја одбил посетата на Штајнмаер

КИЕВ – Советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Сергеј Лешченко, во интервју за Си-Ен-Ен негираше дека Зеленски ја одбил понудата да го посети германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, пишува Билд.

Штајнмаер вчера изјави дека планирал да го посети Киев со својот полски колега и со претседателите на Естонија, Литванија и Летонија „со цел да испрати силен знак на европска солидарност со Украина, но тоа не го сакале во Киев“, пренесува Ројтерс.

Билд објави дека Зеленски ја одбил посетата на Штајнмаер поради неговите блиски односи со Русија во последните години и долгорочната поддршка за проектот за гасоводот Северен тек 2.

Related posts

Leave a Comment