Свет

Радикален пресврт во политиката на САД, повеќе да не бидат лидер во НАТО?

Trump is not the cause of cooling EU-US ties, says Merkel – POLITICO

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на бројот на американските војници во Германија претставува радикален пресврт во надворешната политика на САД, оценуваат светските медиуми.

Таа одлука би можела да укажува на значително намалување на посветеноста на Вашингтон на европската одбрана и НАТО, ги пренесува Радио слободна Европа анализите на светските агенции.

Трамп во петокот му нареди на Пентагон трајно да отстрани околу 27,5 отсто од американските војници кои се наоѓаат во Германија, најголемата база на американски воени сили во Европа, укажува Би-би-си.

Тензиите меѓу Вашингтон и неговите сојузници во НАТО пораснаа откако Трамп стана претседател, пишува Би-би-си и додава дека Трамп веќе долго им приговара на европските членки на воениот пакт дека треба повеќе да трошат за одбрана и за НАТО.

Намалувањето на бројот на американските војници во Германија на 25.000 е потег кој значително ќе ја намали посветеноста на САД во европската одбрана во рамки на НАТО, оценува Франс прес и истакнува дека Берлин останал изненаден од најавата на Вашингтон.

ГЕРМАНСКИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА НЕГОДУВААТ ПОРАДИ ОДЛУКАТА

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас изрази жалење поради Трамповата одлука истакнувајќи дека тесната соработка е во интерес на двете земји, додека останатите високи политичари во Берлин беа поостри во свои критики, укажува АФП.

Петер Бејер, координаторот за трансатлантски односи на канцеларката Ангела Меркел, предупреди дека Трамповиот план за повлекување околу 9.500 американски војници и нивните семејства ќе ги ослаби „прекуокеанските мостови“.

Високиот член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Јохан Вадепул кажа дека планот покажува дека Трамповата администрација „ја запоставува елементарната лидерска задача: вклучување на партнерот во сојузот во процесот на донесувањето на одлуките“. Тој предупреди дека само „Кина и Русија имаат корист од раздорот меѓу НАТО сојузниците“.

Извештаите дека Трамп размислува за продолжување на намалувањето на бројот на американските трупи во Германија и нивно можно префрлање во Полска се појавуваат барем две години, истакнува Блумберг.

Но неговата последна одлука и начинот на кој беше изнесена во јавност, оценува американската агенција, навестуваат колку се оладени односите на Германија со американскиот претседател кој јавно ја доведе во прашање вредноста на НАТО.

АМЕРИКАНСКИТЕ ТРУПИ ВО ГЕРМАНИЈА ДОЧЕКАНИ КАКО ОСЛОБОДИТЕЛИ ОД НАЦИСТИТЕ

Foto: EPA Philipp Guelland

Американските трупи во Западна Германија беа дочекани како ослободители од нацистите и како главна сила во борбата против советската инвазија. Ставовите, укажува Блумберг, се сменија во доцните седумдесетти и раните осумдесетти, кога одлуката на НАТО во Германија да ја постави американската база Першинг 2 како одговор на советските балистички ракети предизвика масовни протести во Западна Германија.

Од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 некои германски политичари повикуваа на отстранување на американското нуклеарно оружје од германско тло, а бројот на американските војници се намалуваше во однос на 274.000 за време на шеесеттите, наведува Блумберг, додавајќи дека секое повлекување во германските региони предизвикувало економски загуби.

Германија не била официјално известена за наредбата за повлекување која официјално ја потпиша Трамповиот советник за национална безбедност Роберт О’Браен по одобрувањето од претседателот.

Нејасно е и дали на членовите на Конгресот им било нешто кажано за повлекувањето. Кога веста за планот беше објавена, сенаторот Џек Рид, демократ во сенатскиот Одбор за оружените служби, кажа дека Трамповата директива му одговара на рускиот претседател Владимир Путин и дека претставува „уште еден неуспех на раководството на администрацијата кој дополнително ги заострува односите со сојузниците“.

Американските власти кажаа дека за повлекувањето се размислувало неколку месеци, но потврдата за одлуката дојде во време на заострувањето на Трамповиот конфликт со канцеларката Меркел која неодамна ја одби поканата на Трамп за учество на самитот на Г7 во САД, укажува Вашингтон пост, додавајќи дека Трамп со самитот во јуни сакал да го покаже „враќањето на економскиот развој“ во САД за кој се надева дека ќе доведе до негов реизбор.

Иако не е јасно дали одбивањето на Меркел да присуствува на самитот Г7 и Трамповата најава за повлекувањето на трупите се поврзани, одлуката сигнализира прекин на односите на САД и највлијателната земја во Европа, укажува Њујорк тајмс, истакнувајќи дека интересите на двете земји се разликуваат по речиси сите важни прашања, вклучувајќи ги Русија, Кина, Иран, трговијата и безбедноста.

Според мислењето на европските функционери, САД преминаа од неизоставен во несигурен сојузник, додека довербата меѓу Меркел и Трамп одамна е изгубена, но сега, истакнува Њујорк тајмс, е загрозено нешто поважно – довербата во стратегискиот темел на самата трансатлантска алијанса.

Со едностраното повлекување на трупите од најважниот европски сојузник на САД, Трамп му нанесува штета на НАТО директно играјќи во корист на Путин, кој одамна се противи на американското воено присуство на континентот, оцени Томас Клајне Брокхоф, берлинскиот потпретседател на германскиот Маршалов фонд.

„Меркел го претставува сѐ она што Трамп го мрази: глобализмот, мултилатерализмот, меѓународното право. Трамп повеќе си одговара со познатите авторитарни лидери во светот“, вели Брокхоф, додавајќи дека трајното намалување на трупите претставува радикално отстапување од американската повоена надворешна политика.

Германија е најбогатата, најнаселената земја во Европа, економската сила на континентот и важен американски економски партнер, укажува Њујорк тајмс додавајќи дека германски компании вработуваат околу 700.000 луѓе во САД. Истовремено, во Германиј се стационирани околу 35.000 американски војници и во нивните бази работат 12.000 германски цивили. Аналитичарите сметаат дека повлекувањето на војниците економски ќе ѝ наштети на Германија додека стратегиски ќе им наштети на САД.

Loading...

Related posts

Leave a Comment