Свет

„РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА ТОРТУРА“ Таткото на Асанж се огласи и откри како неговиот син живее во еден од најозлогласените затвори во Велика Британија

 

Таткото на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, Џон Шиптон, изјави дека неговиот син бил подложен на секаков вид тортура во затворот Белмарш во Велика Британија, додека чекал сослушување за евентуална екстрадиција во Соединетите држави, пишува Индипендент.

Шиптон рече дека неговиот син бил изложен на ментална и физичка тортура.

– Последен пат го посетив Џулијан во август, тој се тресеше и страдаше од вознемиреност,видно ослабен, беше многу стресно, а третманот кон него се влоши во последните година дена. Тој е подложен на разни форми на тортура “, рече Шиптон.

Асанж, кој е задржан во затвор со некои од најлошите криминалци во Велика Британија, се соочува со затворска казна до 175 години, според обвинението од Вашингтон. Рочиштето на кое ќе се реши неговата екстрадиција е закажана за февруари.

Шиптон рече дека е неверојатно дека  го задржале неговиот син во еден од најозлогласените затвори на Велика Британија, и покрај повиците на ООН за негово ослободување, пишува весникот.

Асанж беше уапсен во април во еквадорската амбасада во Лондон, откако помина седум години таму.

Тој е обвинет за 18 обвиненија во САД, вклучително и шпионажа. Повеќето обвинувања во обвинението се однесуваат на работата на Викиликс, страница што открива тајни документи и дописи, вклучително и повеќе од милион пораки што протекоа од разузнавачкиот аналитичар Челси Менинг.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!