Свет

РАМА НАМЕСТО СТОЛТЕНБЕРГ НА ЧЕЛО НА НАТО? Германски аналитичар за изборот на нов шеф на Алијансата

ГЕРМАНСКАТА аналитичарка Сузана Стариков изјави дека Јенс Столтенберг на местото генерален секретар на НАТО би можел да биде заменет од премиерот на Албанија, Еди Рама.

Таа на Твитер напиша дека САД особено инсистирале на изборот следниот генерален секретар на НАТО да се бара меѓу новите членки на НАТО.

– Кандидати беа премиерот на Естонија Каја Калас и премиерот на Албанија Еди Рама, напиша Стариков, пренесе Косово онлајн.

Информациите кои ги изнесе Стариков не се потврдени, а се уште нема реакција ниту од НАТО, ниту од премиерот Рама.

Related posts

Leave a Comment