Македонија

Расте бројот на зразени со коронавирус, бројката се искачи на 555

Две нови жртви од Ковид 19. По еден пациент од Куманово и Лабуништа. За 24 часа во земјава се регистрирани нови 72 случаи на коронавирус, со што бројката на заболени е 555. Поради зголемениот број, Македонија влегува во втора фаза на пандемијата. Ова значи и дека е зголемена можноста и ризикот за пренесување на вирусот од човек на човек.

Министерот за здравство Венко Филипче инфомираше дека утре има опција до Владата да предложат поригорорзни мерки за превенција од коронавиросот, без да каже какви и дали тоа е и поголемо времетраење на полицискиот час.

„Бројот на зболени во деновите и неделите што се пред нас дополнително ќе расте. Се уште остануваат прогнозите да пикот на болеста биде на крајот на април и негде очекуваме 2.000 пациенти, иако многу фактор влијае на овие пред¬видувања. Апелирам граѓаните максимално да ги почитувааат мерките. Физичките конткати да се сведат на минимум и граѓните да се штитат од секоја ризична комуникација или движење. Еден од главните проблеми е што има и асимптоматски носители на вирусот, а ширењето од овие носители може да се спречи само со седење дома, односно со изолација“, рече министерот Филипче.

Во изминатото деноноќие најмногу случаи на Ковид – 19 се регистрирани во Куманово – 21 новозаразено лице, па Скопје со 14, Тетово 12, Прилеп 9, Кочани 7, по два нови случаи има во Битола и Крушево, а по еден новозаболен се регистрирани во Гостивар, Струга, Велес, Радовиш и Штип. Најмногу заразени со коронавируост има во Скопје – 235, потоа следи Куманово со 114 заболени, Дебар со 48, Прилеп 33, Тетово 29, Струга 24, Штип 19, Кочани 14, Велес 10, Битола шест, Гостивар и Гевгелија по четири случаи, по три во Охрид и Радовиш и по вкупно два случаи на коронавирус има во Кавдарци, Струмица, Крива Паланка и Крушево.

Во Клиниката за инфективни болести моментално се лечат 74 пациенти. Од нив 15 се со тешка клиничка слика, 11 се на механичка вентилација, преостанатите пациенти се стабилни. Тројца пациенти се излечени и се пуштени дома. Пациенти со Ковид 19 има и во градсаката болница „8 Септември“. Таму се хоспитализирани шестмина.

Вкупно три лица се на респиратор, а од нив двајца биле тестирани и се чекаат резултати дали се носители на вирусот. Додека другите тројца имаат полесна клиничка слика, брифираше директорот на оваа болница.

Филипче кажа дека ќе се користат и капацитетие од 400 болнички кревети и на оваа болница, иако инфективната клиника има 110 легла и 130 кревети со мобилна болница која деновиве ќе биде пуштена во употреба. И во Битола е подготвена болницата во посебен оддел кој ќе биде регионален центар за пациенти со Ковид – 19. Таму ќе има капацитет за 35 пациенти со можност за проширување до 100.

Loading...

Related posts

Leave a Comment