Македонија

РЕВОЛТОТ НА АРСОВСКА КОН МИЦКОСКИ Е ОПРАВДАН: Стевче Јакимовски вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја мати водата

Стевчо Јакимовски заразен со ковид-19 | МКД.мк

Не сум разговарал со градоначалничката Арсовска. Сакам да се видам за да ги подготвиме програмите за следната година. Го употребував терминот шпицен градоначалник затоа што се мешал во работата на советите и на општината. Веројатно претерал и во неговото мешање во Градот Скопје и веројатно тоа е причината што таа го нарекува „шпицен“. И гледате таа, колку што јас гледам, немаше конфликт со советниците, туку со Мицкоски. Тој е оној кој ја мати водата. И таа го бара тој да дојде и ова да се расчисти, изјави Јакимовски.

Градоначалничката Данела Арсовска е во право кога му се лути на Мицкоски и го нарекува „шпицен градоначалник“ затоа што тој се мешал во работата на Град Скопје, вели Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош во „Аргумент плус“ на ТВ24. За него револтот на Арсовска е оправдан.

– Не сум разговарал со градоначалничката Арсовска. Сакам да се видам за да ги подготвиме програмите за следната година. Го употребував терминот шпицен градоначалник затоа што се мешал во работата на советите и на општината. Веројатно претерал и во неговото мешање во Градот Скопје и веројатно тоа е причината што таа го нарекува „шпицен“. И гледате таа, колку што јас гледам, немаше конфликт со советниците, туку со Мицкоски. Тој е оној кој ја мати водата. И таа го бара тој да дојде и ова да се расчисти – изјави Јакимовски.

На прашањето дали очекувал Мицкоски да биде надвор од сето ова Јакимовски рече:

– Очекував да не се меша. Очекував да не опструира.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!