Колумни

РЕФОРМАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Е УШТЕ ЕДНА СИЛНА ШЛАКАНИЦА ЗА ВЕШТАЧКАТА С. ТВОРБА И НАШИТЕ НЕДОВЕТНИ СЕВЕРНИ САМОПРОГЛАСЕНИ РЕФОРМАТОРИ-Сања Новаковиќ

 

 

РЕФОРМАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Е УШТЕ ЕДНА СИЛНА ШЛАКАНИЦА ЗА ВЕШТАЧКАТА С. ТВОРБА И НАШИТЕ НЕДОВЕТНИ СЕВЕРНИ САМОПРОГЛАСЕНИ РЕФОРМАТОРИ

Што значи длабоката институционална реформа на Европската Унија којашто францускиот претседател Емануел Макрон ја најави, истакнувајќи ја важноста на поедноставувањето на процедурите? Иако сум компетентна да направам опстојна анализа на она што ќе се случува со реформираната Европската Унија, нема да се занимавам со тоа, бидејќи истата таа Европска Унија спроведува идентитетски геноцид врз македонската нација. Затоа сето она што се однесува на Европската Унија, а не се однесува на Македонија, ќе го игнорирам, исто како што Европа нас не игнорира. Со други зборови, главна преокупација ми е Македонија, па ќе се задржам само на она што ја засегнува Македонија. Мислам дека, особено со доаѓање на суверенистички влади во европските држави, многу логично е да се претпостави дека начинот на гласање за донесување одлуки во Европската Унија ќе биде сменет и, наместо едногласност, ќе се применува мнозински принцип на гласање. Логиката произлегува од фактот што е невозможно 28 земји членки да имаат едногласен став, (како што видовме тешко им оди договарањето кој понатаму ќе ја води Европската Унија), а да не зборуваме за повеќе членки. Прашање е дали воопшто ќе има проширување на Европската Унија. Всушност, се заговара некаков сојуз со Западен Балкан кој би го заменил проширувањето со нови членки или, со други зборови, отворена е и варијантата да нема проширување, онакво какво досега го заевме. Втора логична причина зошто едногласноста ќе се замени со мнозински принцип на гласање е потенцијалниот прием на Косово во ЕУ. Доколку Вучиќ потклекне и ја признае независноста на Косово, а натаму одат работите, тогаш ЕУ нема сигурно да дозволи Србија, која е далеку понапред во интегративните процеси, да го уценува Косово, како што Бугарија и Грција нас не уценуваат. БАРЕМ НАМ МАКЕДОНЦИТЕ, ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ НА ЕВРОПА НИ СЕ МНОГУ ДОБРО ПОЗНАТИ. Што е поентата на моето писание? ПЛАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА НАМЕРНО БРЗАА ДА ГО СМЕНАТ ИМЕТО ПРЕД ПРИНЦИПОТ НА ЕДНОГЛАСНОСТ ДА СЕ ЗАМЕНИ СО МНОЗИНСКИ ПРИНЦИП НА ГЛАСАЊЕ. ТОА СЕКАКО Е ОДНАПРЕД ПРЕДВИДЕНО, ИСПЛАНИРАНО И ЕВЕ ВЕЌЕ СЕГА И СЕ РЕАЛИЗИРА. Е СЕГА, ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ИМЕТО Е ЗА ЏАБЕ ПРОМЕНЕТО БИДЕЈЌИ ВО РЕФОРМИРАНАТА ЕВРОПСКА УНИЈА ЌЕ СЕ ГЛАСА СО МНОЗИНСКИ СИСТЕМ НА ГЛАСАЊЕ И ПРОТИВЕЊЕТО НА ЕДНА ЧЛЕНКА НЕМА ДА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕЧКА ЗА ПРИЕМ НА НОВИ ЧЛЕНКИ, ДОКОЛКУ, КАКО ШТО РЕКОВ, ВООПШТО ПРОШИРУВАЊЕ ИМА. ПРИЕМОТ ВО НАТО НА МАКЕДОНИЈА, КОЈ ИСТО ТАКА Е ПОД ПРАШАЊЕ ДАЛИ ДО КРАЈ ЌЕ СЕ ЗАВРШИ, НЕ Е ПРИДОБИВКА, ТУКУ Е ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНИЈА, ОД МОРАЛНА, ИДЕОЛОШКА, ЕКОНОМСКА, ЕКОЛОШКА И ДРЖАВНА ГЛЕДНА ТОЧКА. ОД МОРАЛНА И ИДЕОЛОШКА ГЛЕДНА ТОЧКА, СТАНУВАМЕ ЧЛЕНКА НА НЕОКОЛОНИЈАЛИСТИЧКА МИЛИТАНТНА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ОСВОЈУВА ТУЃИ ТЕРИТОРИИ И УБИВА ЦИВИЛИ, А МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА НА СТРАНАТА КОЈА СПРОВЕДУВА НЕПРАВДА. ОД ЕКОНОМСКА ГЛЕДНА ТОЧКА, КАКО ШТО НАЈАВИ ТРАМП, ТРОШОЦИТЕ ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО НАТО СЕГА ЌЕ БИДАТ УШТЕ ПОГОЛЕМИ, А СЕ ПOДРАЗБИРА ДЕКА ИСТИТЕ ЌЕ БИДАТ НА ТОВАР НА ГРАЃАНИТЕ ОД СЕКОЈА ДРЖАВА ЧЛЕНКА. ЗА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, КОЈА Е ЗЕМЈА ВО РАЗВОЈ, ФИНАНСИСКИОТ ТОВАР ЌЕ БИДЕ ГОЛЕМ И НЕПОТРЕБЕН ВО УСЛОВИ КОГА МНОЗИНСКИОТ НАРОД СЕ БОРИ ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈА. ОД ЕКОЛОШКА ГЛЕДНА ТОЧКА, ИМА НЕОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА НАТО КОРИСТИ ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ ВО ТЕКОТ НА ВЕЖБИТЕ НА КРИВОЛАК. ИСТО ТАКА,СПОРЕД НЕОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ, НА КРИВОЛК ИМА И РАДИЈАЦИЈА КОЈА ПРЕКУ ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ Е НАЈВЕРОЈАТНО ВЕЌЕ ПРОШИРЕНА НИЗ ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. ДАЛИ СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ ШТО Е ПРИЧИНАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛНИ ОД РАК ЗА 50% ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА? ТОА Е ПОСЛЕДИЦА ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ ПРИ БОМБАРДИРАЊЕТО НА КОСОВО, А И ОД ВЕЖБИТЕ КОИ ТЕКОВНО СЕ ИЗВЕДУВААТ НА КРИВОЛАК. ОД ДРЖАВНА ГЛЕДНА ТОЧКА, ГО ИЗГУБИВМЕ СУВЕРЕНИТЕТОТ: ЌЕ СМЕ ГО ДАВАЛЕ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР ДЕ НА ГРЦИЈА, ДЕ НА БУГАРИЈА, КОИ ЌЕ НЕ „БРАНЕЛЕ“, ВЕ МОЛАМ ОНИЕ КОИ НЕ НЕ ПРИЗНАВААТ ДЕКА ПОСТОИМЕ, НЕМА ДА НЕ БРАНАТ, ТУКУ ЌЕ НЕ ОКУПИРААТ. ВОЈСКА ЌЕ НЕМАМЕ МАКЕДОНСКА, ТУКУ ЌЕ ИМА САМО НАТОВСКА, ОДНОСНО ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ И ЌЕ ВОЈУВАМЕ ВО ТУЃИ ВОЈНИ И ПРИ ТОА ЌЕ БИДЕМЕ ОКУПАТОРИ.
МОЖЕ ДА СЕ ЗАКЛУЧИ ДЕКА ИМЕТО Е СМЕНЕТО БЕЗ НИКАКВА ПРИДОБИВКА ЗА МАКЕДОНИЈА. НАПРОТИВ, ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО Ѝ ДОНЕСЕ ОГРОМНА ШТЕТА НА МАКЕДОНИЈА, ДУХОВНА, КУЛТУРНА, НАЦИОНАЛНА, ИСТОРИСКА, ПОЛИТИЧКА, НО ИСТО ТАКА И СМРТНА ОПАСНОСТ ПО ЖИВОТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, ТУКА АЛУДИРАМ НА ОРУЖЈЕТО КОЕ СЕ КОРИСТИ НА ВЕЖБИТЕ ВО КРИВОЛАК, КАДЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ МЕТАМОРФОЗИРАНИ БУБА ШВАБИ СО КРИЛЦА. ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ НЕМА ДА ДОБИЕМЕ УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ. СМЕТАМ ДЕКА ВЕЌЕ И НАЈТВРДОКОРНИТЕ СЕВЕРЏАНИ ИМААТ ПРИЧИНА ДА ПОСАКУВААТ ДА СЕ КУРТУЛАТ ОД ОВАА НЕДОВЕТНА, ХУНТАШКА ГРУПА НА ПЛАТЕНИЦИ, ПОДДРЖАНА ОД АЛБАНСКАТА МАФИЈА И СОЧИНЕТА, МЕЃУ ДРУГИТЕ, И ОД ПОРАНЕШНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА УЧК. ТЕХНИЧКА ВЛАДА Е НЕМИНОВНА САМО ШТО ПРОБЛЕМОТ Е И ВО ТОА ШТО ОПОЗИЦИЈАТА Е ПРЕМНОГУ СЛАБА САМО СО 2% ВОДСТВО ПРЕД ХУНТАШИТЕ, ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ НЕСПОСОБНА ДА ФОРМИРА ВЛАДА, АКО ГО ЗЕМЕМЕ ПРЕДВИД АЛБАНСКИОТ ФАКТОР. РЕШЕНИЕТО ГО ГЛЕДАМ САМО ВО ТРЕТА МАКЕДОНСКА ОПЦИЈА, КОЈА БИ РЕШАВАЛА ЗА БАЛАНСОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ И ПАРТИСКИ СИЛИ ВО ИДНИНА, ОДНОСНО БИ ИМАЛА РЕШАВАЧКА УЛОГА ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ, УЛОГА КОЈА БИ ЈА ПРЕЗЕМАЛА ОД ДУИ, НО ВО СЛУЧАЈОТ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ОПЦИЈА БИ ДОНЕСУВАЛА ОДЛУКИ СЕКОГАШ ВО ПРИЛОГ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, А НЕ ПРОТИВ НИВ, КАКО ШТО СЕГА ПРАВИ ДУИ. ОЧИГЛЕДНА Е ПОТРЕБАТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ПРОСТОР ЗА ТРЕТА МАКЕДОНСКА ОПЦИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА, НО ТОА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ САМО СО ИЗГЛАСУВАЊЕ НА НОВ ИЗБОРЕН МОДЕЛ, А ТОА Е МАТЕРИЈАЛ ЗА ДРУГ НАПИС.

 

Сања Новаковиќ

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment