Македонија

Рикер до Мицковски : покажете конструктивност за законот за ЈО, времето за политички игри веќе е поминато

 

Помошникот државен секретар на САД Филип Рикер ја повика опозицијата да покаже конструктивност за законот за јавно обвинителство,со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и порача дека времето за политички игри веќе е поминато.

-Се радувам на можноста да се сретнам со опозицијата. Како и во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, но таа мора да биде и конструктивна. Времето за политичкли игри и за истакнување големи гестови, како и за играње со перспективите на граѓаните, веќе е поминато. Мојата порака е јасна – време е да се придвижат работите за доброто на земјата, рече Рикер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Македонија, како што нагласи, се движи напред во исполнување на повеќедецениските цели во врска со евроатланските интеграции – да стане НАТО-сојузник и да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

Решавањето на прашањето во врска со законот за ЈО, според Рикер, е клучно за процесот, но и за граѓаните.

-Ова е нешто што граѓаните сакаат да го видат решено. Времето на задржување на ова прашање од страна на опозиција веќе треба да заврши и се надевам дека тие ќе имаат конструктивен пристап. САД сакаат да работат со сите политичките партии во Македонија, но за да го направиме тоа како што кажаа претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео мора да видиме разумни напори, а законот за СЈО мора да се придвижи. Неговото усвојување сега, ќе значи дека тоа веќе нема да биде прашање и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен. За ова има силна поддршка и од сојузниците во ЕУ. Затоа ја поттикнувам опоизицијата да се придвижи за да имаме уште поблескава иднина, истакна Филип Рикер.  /МИА

Related posts

Leave a Comment