Македонија

РОДИНА МАКЕДОНИЈА : Воведување на полициски час од 16 часот до 5 наутро, како и за време на викенди, претставува грубо прекршување на основните човекови права

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

РОДИНА МАКЕДОНИЈА  е згрозена од диктаторското однесување на однадвор инсталираната власт, која го носи името на окупација „Северна“.

Воведување на полициски час од 16 часот до 5 наутро, како и за време на викенди, претставува грубо прекршување на основните човекови права и злоупотреба на ситуацијата, за одржување на крајно неспособната инсталација на странската служба која го носи името Влада на „Северна“.

Врвните домашни и светски епидемиолози јасно укажаа дека не се работи за пандемија, туку за малку поопасна варијација на корона вирус, која може да се помине со мерки кои грубо нема да го ограничат движењето на луѓето. Предложените мерки се заштита на ризичните групи, повозрасната популација, избегнување на поголеми собирање, зголемена хигиена итн…

Владата на Северна, која е класична инсталалција на неолибералните глобални сили, со нивните алатки, медиуми како средства за ширење на паника, Светска Здравствена Организација, креираа состојба каде Република Македонија е претворена во СОЦИЈАЛЕН ЕКСПЕРИМЕНТ на глобалните неолиберални сили.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ги повикува политичките партии, невладините организации ( без западните инсталации), македонскиот народ, на заедничка АКЦИЈА за да го спречиме СОЦИЈАЛАЛНИОТ ЕКСПЕРИМЕНТ кој веќе подолго време се извршува врз нашиот народ, од времето на хибридната војна и шарената револуција.

Повикуваме на формирање на ЕКСПЕРТСКА ТЕХНИЧКА ВЛАДА и мерки кои веќе РОДИНА МАКЕДОНИЈА ги предложи.

Застанете на страната на народот, немојте да бидете вечни СЛУГИ на паднатите од човекот елити.

Loading...

Related posts

Leave a Comment