Политика

РОДИНА МАКЕДОНИЈА : ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ РОДОЉУБНИ ЧЕСНИ МАКЕДОНЦИ И СИТЕ ЛОЈАЛНИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА ДА ГИ СПРЕЧИМЕ НЕЛЕГИТИМНИТЕ ИЗБОРИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГИТИМНИ ИЗБОРИ ДО СИТЕ РОДОЉУБНИ ЧЕСНИ МАКЕДОНЦИ И СИТЕ ЛОЈАЛНИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГИТИМНИ ИЗБОРИ ДО СИТЕ РОДОЉУБНИ ЧЕСНИ МАКЕДОНЦИ И СИТЕ ЛОЈАЛНИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА

 

Почитувани браќа и сестри Македонци, Албанци, Срби, Власи, Роми и сите останати,

Веќе триесет години нѐ разделуваат по етничка, религиска, економска, статусна, во последно време и здравствена состојба,

Веќе триесет години нѐ држат како робови за туѓи аргатски, странски дворови,

Веќе триесет години закопуваат сѐ што е македонско, свето, чисто, РОДољубиво,

Веќе триесет години некој однадвор ни ја крои судбината,

Ако сте ПАТРИОТ, не сте НАЦИОНАЛИСТ, да не паѓаме на измислената наратива!

Време е да кажеме ДОСТА Е!

На кои избори ќе излеземе браќа и сестри? На избори без избор? На избори наместени и поткупени? На избрзани од некоја причина избори? На избори кои според сите прописи во оваа држава (ако остана некој пропис непогазен), се НЕЛЕГАЛНИ, НЕЛЕГИТИМНИ И АНТИУСТАВНИ?

Согласно толкувањата на Уставниот Суд, Уредбите со законска сила престанаа да важат ноќта на полноќ на 14 јуни, 2020 година согласно Одлука на Уставниот суд и европската пракса. Актите на Уставниот суд се конечни и извршни и се задолжителни за сите, вклучително и за владата! Имено, во Актот на Уставниот Суд од 28 април, 2020 година се вели:

Траењето на Уредбите со законска сила завршува по престанок на вонредната состојба.

Тоа значи дека изборите се можни само со ново решение за распишување на редовни парламентарни избори од страна на претседателот на Собрание во уставниот рок, не помалку од 70 и не повеќе од 90 дена од денот на распишување на нов датум на избори, со почитување на целата процедура според Изборниот законик и Уставот на Република Македонија, секој граѓанин да има право на глас и да има право да биде биран, односно септември 2020 година, односно:

Ниту денот на распишувањето на изборите, ниту спроведувањето и организирањето на изборните дејствија не се во надлежност на Владата. Таа нема право да ѝ наложува на ДИК кога да го направи изборниот роковник и како истиот да го димензионира во услови кога не е познат новиот изборен ден.

А ДИК не може да знае кој е новиот изборен ден, кога неговото утврдување е во рацете на претседателот на Собранието, кој е единствен надлежен орган за распишување на изборите.

По утврдувањето на новиот изборен ден ДИК практично ќе треба да ги започне сите изборни активности од почеток. Потребно е ново ажурирање на Избирачкиот список, бидејќи во меѓувреме имаме многу граѓани кои наполниле 18 години и добиваат избирачко право согласно со Уставот. Неправедно и неуставно би било на овие лица да им се одземе правото да гласаат поради тоа што ДИК, согласно недозволените инструкции на  владата, немал можност да направи ново ажурирање на Избирачкиот список. Како што стојат работите, ако доследно се применува уредбата на владата, ДИК треба да продолжи таму каде што застанале изборните дејствија до носењето на уредбата, што практично значи дека ДИК нема да има можност да го ажурира списокот. Ажурирањето е важно и за прочистување, односно бришење од списокот на лицата кои во периодот починале. Потребно е повторно да се запишат лицата кои се вратени во државата и кои сакаат да го остварат правото на глас во земјата. Станува збор за голема бројка на лица кои поради пандемијата се вратија во Македонија.

По престанокот на вонредната состојба, согласно член 126, став 2 од Уставот, уредбите со законска сила што владата ги донела во вонредна состојба престануваат да важат. Ова не е само уставна одредба, туку и мислење на Венецијанската комисија во кое јасно се наведува дека „уредбите треба да го изгубат својот правен ефект во моментот на престанокот на вонредната состојба“.

Ова значи дека ДИК откако ќе престане вонредната состојба не е обврзана да ја следи уредбата со законска сила на владата, односно ќе мора да работи во согласност со Изборниот законик. Со оглед дека Законикот не познава институти како „прекинување“ и „продолжување“ на изборни дејствија истите ќе мора да се вратат од почеток.

Откако ќе биде утврден нов изборен ден, ДИК ќе биде должен да направи нов изборен роковник по кој ќе ги утврди роковите за сите со закон утврдени изборни дејствија. Во однос на поднесените пратенички листи ДИК ќе мора да ја испита нивната валидност согласно новонастанатата изборна состојба и да заземе став дали ќе ги прифати веќе поднесените листи или ќе бара поднесување на нови.

Освен нелегални, овие избори се и нелегитимни. На три партии, меѓу кои и Родина Македонија, им е ускратено уставното право да бидат избрани, а на народот правото да избира.

Грубото кршење на изборната процедура и одржување на избори во услови на 5 последователни вонредни состојби, под маски, психоза и страв од „опасниот“ вирус, се само избори во служба на истите сили кои ја урнаа Република Македонија!

Зошто Уставот вели дека одлуката за постоење вонредна состојба има важност најмногу 30 дена и зошто вонредната состојба е ограничена на најмногу 30 дена?

Европските стандарди во однос на вонредната состојба се прецизно наведени во компилацијата на мислењата на Венецијанската комисија за вонредната состојба од 16. април, 2020 година, како и во уставите на сите демократски држави. Сите се на линија на прецизно временско ограничување на вонредната состојба со цел силна, брза и ефикасна мобилизација на сите ресурси во насока на наоѓање најефикасни начини како државата да се справи со епидемиите, последиците од природните непогоди и слични појави во најкраток можен рок. Брзината и ефикасноста на државните органи во време на вонредна состојба е клучна, затоа што вонредната состојба ги повредува човековите права и слободи и не смее да трае подолг период. Колку времето за справување со кризата се пролонгира, толку државата остава простор за засилена арбитрерност и политичко самоволие на нејзините органи. Во Република Македонија претседателот на Републиката се одлучи на продолжување на вонредната состојба два пати по 30 дена со што практично го прекрши Уставот. Оценката на уставноста на втората одлука за утврдување на вонредна состојба од страна на претседателот на Републиката ќе ја врши Уставниот суд врз основа на поднесена иницијатива.

Родина Македонија поднесе известување до ДИК за учество на избори во момент кога за тоа ќе бидат создадени фер и демократски услови, воопшто не помислувајќи дека сиот процес ќе се забрза и ќе бидат спроведени веројатно, најфингираните и најкорумпираните избори до сега, избори под присила, поткуп, закани и уцени. Но, нашето известување до ДИК ни овозможи да ја раскринкаме оваа институција преку формалниот раговор со нејзиниот секретар Јанчев. Транскрипт од тој разговор можете да видите овде.

Затоа упатуваме ЈАВЕН ПОВИК до политичките партии, до чесните родољубни Македонци и лојалните граѓани на нашата држава, заеднички да го спречиме ова зло дело кон Македонија и сите народи во неа, кое се повторува во континуитет и кое е водено од еден балкански крак на длабоката држава! Родина Македонија веќе ги извести меѓународните организации за незаконитоста и нелегитимноста на корумпирано организираните избори на пржинската сдс/дпне/дуи коалиција како и домашните институции за надзор со цел создавање документација за идно кривично гонење на сите соучесници во планираните нелегитимни и украдени избори.

Да застанеме сите заедно зад враќање на институциите, процедурите, Уставот на Република Македонија!

РАЗМИСЛИ ДАЛИ ТРЕБА ДА ГО ДАДЕШ СВОЈОТ ГЛАС НА ОНИЕ КОИ ЈА СРУШИЈА МАКЕДОНИЈА!

Loading...

Related posts

Leave a Comment