Македонија

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ СУДСКИОТ СПОР ПРОТИВ ПУЧИСТИТЕ ШУМКОВСКИ И ГЕЛЕВА

Политичката партија Родина Македонија на својата официјална страница објави вест дека го доби судскиот спор против пучистите: доскорешниот претседавач на претседателството Горан Шумковски и Емилија Гелева.

Имено, по обидите на Шумковски да ги урне основните принципи и статут на партијата и да ја претвори во екстремистичка организација, (некоја варијанта на православен Хамас или Хејзболах), од нему само познати причини, како и да се наметне како султан лидер спротивно на колективното претседателство кое е највисок орган, десет од тринаесет члена од легитимното претседателство го разреши од неговата функција и го назначи Зоран Јованчев на местото претседавач.

Обидите за рушење на Родина Македонија од страна на Шумковски продолжија со свикување на нелегитимен ЦК во Прилеп каде што формирале нелегитимно раководство и за претседавач ја назначиле Емилија Гелева која не е ниту основач ниту член на партијата.

 

Централниот Одбор на Родина Македонија избра ново Претседателство за останување на Вистинскиот Пат

                                            фото од пучистичкиот собир во Прилеп

За цело време групата околу Шумковски генерираше лош имиџ за партијата па така низ социјалните мрежи се појавија слики и информации дека во канцеларијата каде што тие се собираат се конзумирал алкохол во големи количини.Родина Македонија се оградува од такви таканаречени општински комитети кои самоиницијативно се формирани и го валкаат угледот на партијата и во иднина ќе поднесе  судски мерки.

Во продолжение го објавуваме соопштението на Родина Македонија во целост :

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Претседателството на политичката партија Родина Македонија има задоволство да ги извести нејзините членови и симпатизери како и целата јавност дека на ден 19.11.2020 година, пристигна Решението од надлежниот суд во Скопје, за конечно озаконување на разрешувањето на Горан Шумкоски од местото претседавач на Преседателството на Партијата и за потврдување на изборот на Зоран Јованчев за нов претседавач на Претседателството на Родина Македонија. Во споменатото Решение се прогласуваат за ништовни и донесените одлуки на нелигитимно свиканиот и одржан Централен одбор на Партијата.
Со донесувањето на ваквото Решение потврдена е исправноста на правната и праведната борба која ја водевме со цел зачувување на изворните идеолошки и програмски принципи врз кои е издигната Родина Македонија. Но, без оглед на задоволството кое е присутно заради исправноста од донесеното Решение, не може а да не почувствуваме и разочараност од приреденото сценарио од страна на група недобронамерни членови во Партијата предводени од Горан Шумкоски, чија крајна цел беше рушење на идејата и програмските цели кои ги промовиравме како и целосно гасење на Партијата и нејзината национална идеолошка платформа.
Исто така, со загриженост констатираме дека нејасната желба кај поединци и групи за постојано поткопување на националните стремежи на Македонците станува длабоко присутна во македонското општество. И наместо борбата да се води за македонските национално – идентитетски прашања, таа борба постојано се разводнува и дефокусира од невидливи подземни структури и слуги на нечии интереси. За жал, и Родина Македонија мораше да се соочи со тие мрачни сили, но за среќа излеговме и поединствени и позрели, без разлика на непријатноста на искуството.
Затоа, Претседателството на Родина Македонија ги повикува сите членови, симпатизери, лица кои се уште се двоумат или други заинтересирани или неопределени, да ја посетат канцеларијата на Родина Македонија и да се вклучат во заедничката борба за Македонија. Борбата треба да ја водиме ние самите, бидејќи друг, резервен народ – немаме!
ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Loading...

Related posts

Leave a Comment