Политика

РОДИНА МАКЕДОНИЈА: Го поддржуваме протестот за уставобранителите, но истовремено се оградуваме од задкулисните игри на поединци и групации кои ги злоупотребуваат истите и ужасната состојба во која се наоѓаат.

Можно е да е слика од текст

 

РЕАКЦИЈА И ОДГОВОР НА НАМЕТНАТИТЕ ДИЛЕМИ

Почитувани браќа и сестри Македонци и сите добри и чесни луѓе.
Родина Македонија даде поддршка на “Семакедонскиот протест закажан за 25.04.2021” против хунтата, а за поддршка на браќата Уставобранители, неправедно осудени и стигматизирани како терористи. Поддршката беше јавно искажана. А повикот за мобилизација на членството и симпатизерите, но и што поголема присутност беше објавена на 04.04.2021год. Непосредно по пријавувањето на протестот од страна на Светскиот Македонски Конгрес.

Со цел да се избегнат сите инсинуации, тенденции и лукаво-политикантски спинови.
Родина Македонија сака јавно да ги потврди следниве ноторни факти.

Протестот е во организација на “Македонците од светот” -повеќе здруженија и организации сплотени во кординативна мрежа(не го употребувајте туѓиот збор дијаспора).Истиот во Р.Македонија е пријавен и покренат од СМК.
Родина Македонија ја даде безрезервна поддршка на настанот, веднаш после директното обраќање до нас од страна на Уставобранителите.
Истакнуваме дека се оградуваме од задкулисните игри на поединци и групации кои ги злоупотребуваат уставобранителите и ужасната состојба во која се наоѓаат.

Истотака сакаме да истакнеме дека не само што работиме и ќе работиме на афирмација за вистината и неправдата нанесена врз нашите браќа.
Родина Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ вистинските терористи кои направија пуч и се обидоа да го променат името и државното уредување на Р.Македонија да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна.

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

РЕАКЦИЈА И ОДГОВОР НА НАМЕТНАТИТЕ ДИЛЕМИ

Related posts

Leave a Comment