Соопштенија

РОДИНА МАКЕДОНИЈА : Исклучени поранешни членови во обид за преземање на партијата

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани членови, подржувачи на Родина Македонија,

Сакаме да ве известиме дека во јавноста се појави интернет страна, како и групи на социјалните мрежи, под знакот и логото на Родина Македонија.

Официјалната интернет страна на Родина Македонија е www.rodina.org.mk,
официјалната електронска пошта го содржи домаинот rodina.org.mk,
официјална фб страна: https://www.facebook.com/rodina.makedonija,
официјална фб група: https://www.facebook.com/groups/rodina.makedonija

Како претседателство, должност ни е да укажеме дека настанот кој е најавен како Централен одбор на Родина Македонија закажан за недела (11 октомври) во Прилеп, од страна на група незадоволни членови, денеска во добар дел и исклучени, е настан кој е организиран надвор од Статутот на Родина Македонија, позади грб на поголемиот дел од претседателството и членството на Родина Македонија.

Родина Македонија од прв ден се крева како организација во која колективот е поставен многу повисоко во однос на поединечните интереси.
Во Родина Македонија се вклучени поединци кои се долгогодишни активисти од разни македонски родољубиви организации, активни учесници во одбрана на македонските национални интереси, индивидуалните слободи.

Поучени од минатите искуства на превземање на организации, во Статутот се вградени механизми каде индивидуата може веднаш да биде сопрена во намерите за злоупотреба на позицијата.
Член 36 од Статутот на Родина Македонија (https://rodina.org.mk/%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%82%d1%83%d1%82/),
мандатот на претседавачот му престанува ако му изгласаат недоверба мнозинство од вкупниот број на членови на претседателството.
На седница на претседателството од 2 септември 2020 година, изгласана е недоверба на претходниот претседавач Горан Шумкоски со 11 гласа За од 13, колку што брои претседателството.
На истата седница за нов претседавач е избран Зоран Јованчев, со 11 гласа За од 13.

Промената на претседавачот, кој воедно е и официјален застапник на партијата, во моментов се наоѓа во суд.

За исходот од настанатата ситуација ќе бидете благовремено известени преку официјалните страни на Родина Македонија.

Како претседателство ќе сториме се за да се зачува изворната идеја, како и колективниот модел на одлучување, кој е одлика на Родина Македонија.

Претседателството нема да учествува во ниските игри, конструкции и дезинформации на незадоволната група, сега веќе исклучена од Родина Македонија.

Loading...

Related posts

Leave a Comment