Македонија Политика

РОДИНА МАКЕДОНИЈА : Муртинскиот трговец се испазари со евроатлантистичкото-англосаксонистичко завереничко дувло, така да „И МЕСО И КРВ“ МАКЕДОНСКА ПРОДАДЕ ЗА БЕЗ ПАРИ!

Родина Македонија е згрозена од „континуираното транспарентно тргување“ на Муртинецот, со се‘ што значи МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКО!

Муртинскиот трговец се испазари со евроатлантистичкото-англосаксонистичко завереничко дувло, така да „И МЕСО И КРВ“ МАКЕДОНСКА ПРОДАДЕ ЗА БЕЗ ПАРИ! (Наспроти Венецијанскиот трговец, антилик од истоименото дело на Вилијам Шекспир, кој имал за право, во случај на невратен долг да земе фунта месо од телото на позајмувачот, без да протече ни една капка крв!)

И така флоскулата „Нема алтернатива за Македонија освен евроатланскиот пат“, не донесе директно во пеколот! Ако патот на Данте до Пеколот го водел преку девет круга, не можеме и ние да се „пожалиме“, дека немавме кругови. Имавме и тоа бааги кругови на патот до Пеколот. Да се потсетиме на Првиот круг до Пеколот, т.н. Лисабонска декларација за забрана на употреба на името Македонија. Вториот круг до Пеколот беше промена на најзначајниот симбол, националното македонско знаме со шеснаесет крако сонце… Но некако не ги сфативме сериозно или воопшто не сфативме дека тоа се круговите кои не водат директно во Пеколот. (Во друга пригода ќе ги наброиме сите кругови кои не донесоа директно во Пеколот, чии последни концентрични кругови, Муртинскиот трговец ги забрза до разорнувачко дејство на црна дупка! Но секако ќе дадеме и разрешница за излез од Пеколот!)

После монструозниот Преспански договор, кој веќе многумина, за жал, го прифаќаат здраво за готово, беше повеќе од јасно дека тој е стартот на финишот на рушењето на државата. Ако таму ја изгубивме базата за постоењето на македонската држава, од античкото минато до постулатот од АСНОМ, значењето на именката МАКЕДОНЕЦ, ОДНОСНО НЕЈЗИНО СВЕДУВАЊЕ НА ПРАЗЕН ЗБОР БЕЗ МИНАТО И ИДНИНА, БЕЗ КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ, БЛЕДА СЕНКА НА ЦЕЛОТО ЗНАЧЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ!

Сега со бугарскиот договор, уште во старт неразумен и неприфатлив, веќе извесното најавено проширување со анекс или анекси, се оди уште подлабоко во рушењето на идентитетот со целосно извитоперување на историјата. Со продавање на најсветите ракоапостоли на македонскиот идентитет, просветителите револуционерите, преродбениците, односно нивно предавање на бугарштината на златен послужавник. А се оди до таму да се дозволува во навлегување во дискусија и пазарење во базата на исконскиот прастар македонски јазик, базиран на прастариот пелазгиски јазик се до времето кога македонскиот јазик е база за описменување на словенските народи!

Да се даваат изјави од типот дека Бугарите биле администратори во Македонија за време на Втората светска војна, дека сите споменици посветени на тој период ќе бидат оскрнавени, дека Бугарите дури и не ослободиле( Куманово и Крива Паланка). Се релативизира дури и негира бугарското фашистичко минато. Се‘ ова се граничи со здраворазумноста, реалното и длабоко навлегува во зоната на иреалното, извитопереното, тешко психотично и болно! Лапрдавиот психотичен Муртински трговец, дури и заборави дека пред два дена беше најголемиот патриот во државата, „Ние сме Македонци со македонски идентитет и говориме на македонски јазик“….ццццц…покрај тоа што јасно изјави дека патриотизмот не му прилега!

Секако на цела оваа ука бука, неизоставен беше и традиционалниот прес на опозицијата, која не опомена, нас Македонскиот народ да бидеме на ШТРЕК! Штрек, што е тоа , па ние Македонскиот народ сме во отворена БОРБА со предавничкиот режим!

Многу зборови се напишани и искажани, премногу говорење, но малку вистински активности од тие кои треба да се на чело на отпорот. Дали има време за ретерирање, поправка или власта и опозицијата ќе одат се подлабоко во предавствата, сега веќе е сосем непредвидливо дури некако, на некој начин дури и небитно. Само остануват сега веќе, реалните премиси, дека колку се натрупуваат проблемите, следува заклучок дека проблемите потешко се решаваат или воопшто не се решаваат.

Се поставува прашање, дали воопшто е вкусно или разумно да се коментира или анализира тоа што е дел од марионатската предавничка агенда на Муртинскиот трговец, но факт е дека покрај неговата веќе јасна нелегитимност на македонската политичка сцена после 27 април 2017год, реалноста вели дека нанесе оргомна и можеби непоправлива штета за опстанокот на државава.

Родина Македонија до крај останува посветена на базата, Македонија татковина на македонскиот народ и лојалните граѓани. Животот, судбината е наша заедничка реалност која заеднички ќе ја создаваме , креираме. Чесноста, моралот, етиката, соборноста, традицијата е база на нашето битисување и постоење. Родина Македонија е преставник, чувар, авангарда на делата и борбата на нашите славни предци кои ни дадоа татковина. Со цврста и трајна заложба таа татковина да виде вековита за нашите идни поколенија.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Related posts

Leave a Comment