Политика

РОДИНА МАКЕДОНИЈА МУ ЈА ЧЕСТИТА ПОБЕДАТА НА ДОНАЛД .Ј. ТРАМП


Од името на Родина Македонија, како и родољубивиот македонски народ, примете ја нашата искрена честитка за вашата победа и втор мандат за Претседател на САД.

Како држава Република Македонија и македонски народ, бевме и се уште сме еден од експериментите на Длабоката држава преку организирање и финансирање од парите на американските даночни обврзници, на шарена револуција и разни делувања. Всушност тоа се субверзивни делувања кои придонесоа за менување на генеричкото име на државата, бришење на идентитетот на носителот на сувереноста на државата на македонскиот народ, бришење на историјата, негирање на јазикот, морално деградирање на целокупното општество и покрај јасно изразена народна волја преку референдуми.

Сите неправилности кои денеска се случуваат на изборите во САД, пред тоа беа тестирани во многу помали држави, како што е и Република Македонија, од страна на американската администрација, нејзините дипломатски претставници и служби, за кои се надеваме дека во скора иднина ќе има и судска разрешница.

Секој народ треба суверено да владее со својата земја, во правда, чест, морал, родољубе.

Ние искрено Ви посакуваме така да владеете со САД и во вториот мандат, но и да дадете можност и на другите народи истото да го направат и да се ослободат од отпадоците на длабоката држава.

Loading...

Related posts

Leave a Comment