Македонија Соопштенија

РОДИНА МАКЕДОНИЈА : ОВАА АНТИМАКЕДОНСКА ВЛАСТ УСПЕА ДА ГО ЗАГЛУШИ И ТРАДИЦИОНАЛНОТО ПРВО СЕПТЕМВРИСКО ЅВОНЧЕ

Пристигна и долго очекуваниот Протокол за работа на училиштата во Македонија во услови на пандемија и не не‘ изненади многу затоа што тој е целосна копија на Протоколот од соседна Србија, кој подолго време можевме да го видиме на социјалните мрежи. Со тоа да во Србија денес на ПРВИ СЕПТЕМВРИ ЗАПОЧНА УЧЛИШНАТА ГОДИНА!

Додека учениците од сите европски земји, вклучувајќи ги и тие во соседството ја започнуваат учебната година без поголеми календарски промени, подготвени со соодветни Протоколи за настава во услови на пандемија. Македонските ученици и нивните родители требаше да чекаат актуелните политичари да си ја завршат изборната кампања, да поминат изборите, да го завршат својот ‘заслужен‘ годишен одмор, потоа да си ги распоредат политичките фотељи за да на крај се ‘сетат‘ дека имаат одговорност посебно кон првачињата, учениците од основното и средното образование. Да ги информираат дали и како во услови на пандемија ќе се одвива наставата, за да бидеме непријато инфрмирани, дека новата учебна година се поместува за еден цел месец и започнува на први октомври, наместо традиционално на Први септември.

Иако министерот за здравство Венко Филипче уште од април месец најавува втор, помасивен бран на пандемија од септември, Министерството за образование во Македонија во новата учебна година влезе неподготвено и ни ја понуди српската верзија на Протоколот со превод на македонски јазик.

На овој протокол не му претходеше компаративна анализа на изминатите години за морбидитетот од сезонски или свински грип кои се актуелни во зимскиот период во Европа и кај нас во однос на вирусот на короната.

Нема ни анализа за образовните искуства од европските земји во кои наставата продолжи во услови на пандемија. Нивните искуства од физички присутна и „on line“ настава.

Изостана и анализата од минатата учебна година во која се користеше on line настава и ефектите од нејзината реализација врз квалитетот на знаењето.

Половина година не беше доволна да се направи стратегија и анализа на постоечките материјално-технички услови и човечки ресурси и да се изготви план за реорганизација и прилагодување на целиот воспитно-образовен систем кон ново настанатата состојба.

Напоменуваме дека за цело ова изгубено време постоеше активно Министерство за образование!

Истакнуваме дека министерството за образование има Сектор за наука и иновации, со одделение за развој и научно истражување на кадри, подршка на науката и иновациите. Се поставува прашање, што работеше 6 месеци овој сектор!? Ако сега немаше можност и предизвик за иновација, кога!?

Владата, засега нуди комбиниран модел за старт на учебната година, настава со физичко присуство и „on line“ настава. За таа цел формирана е и комисија од владата која што ќе утврдува, поединечно, дали се исполнети условите во училиштата за физички активна настава. Секаде каде што се исполнети условите од протоколите кои што веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата.

Во училишните објекти кои не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува on line. Во овие училишта, настава со физичко присуство ќе посетуваат само децата од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор, за што родителите ќе треба да се изјаснат со писмена изјава.

Со напомена дека забрзано се работи на подготовка на единствена национална „on line“ наставна платформа. ( У очи Божиќ прасе не се гои!)

Што ни нуди Протоколот.

А-ПРОТОКОЛ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ

Б-ПРОТОКОЛ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ

Активна физичка настава за сите деца на возраст од пет и пол до седум и пол односно осум годишна воздраст, тоа е најранливата група на ученици во однос на психичкиот развој, степенот на социјализација и недоволно изграден имунолошки систем. Возраста на учениците од прво до трето одделение се причина повеќе да се запрашаме што реално може да се реализира за половина час настава ако се знае дека според протоколот, за тоа време треба 20 деца да измијат раце да ги завземат своите места, да го заменат работниот материјал и да ја поминат програмата предвидена за тој час? Ова е невозможна мисија да се реализира со кукли, а не со деца на таа возраст кои немаат работна дисциплина, работни и хигиенски навики прилагодени на протоколот за ковид пандемијата. Задолжителното носење на маска, е уште една непозната состојба, која не е предвидена во ниедна земја во Европа, освен Италија и Шпанија и според СЗО не се препорачува кај децата до 11 годишна возраст, со препорака дека е повеќе штетна отколку корисна. Редовно проветрување на училниците нема да биде можно со оглед на грејната сезона и високиот степен на загадување на воздухот во градовите во цела Македонија. Ова се однесува и на реализацијата на одморите, часовите по физичко воспитуање предвидени во надворешни услови поради аеро загаденоста. Протоколот не е доискажан во деловите кога ќе се открие заболен во одредена паралелка, каков третман ќе имаат останатите ученици од паралелката. За on line наставата имавме можност да слушнеме во јавноста од учениците и родителите дека е под било кое ниво на квалитет кој треба да им даде знаење на учениците.

Родина Македонија воочува дека владата и ресорните министерства имаа доволно време од шест месеци да се симулира настава според условите во Протоколот и да се утврди дали и што реално може од мерките да се примени во текот на наставата. Со тоа можеше прецизно да се утврдат процедурите и да се откријат слабостите во протоколот за да се намалат ризиците. Да го утврди време траењето на наставниот час за да се постигне потребниот образовен ефект и да се запазат барањата во Протоколот . Шест месеци беа доволни да се доедуцира наставниот кадар, да се обезбедат материјално технички услови и дидактички материјали за on line настава, која приближно ќе ги обезбеди образовните потреби како при реалната настава односно да се прилагоди наставната програма во сооднос на времетраење на училишниот час.

Ставот на Родина Македонија е дека сите ученици требаше да ги искористат добрите временски услови и да ја започнат учебната година на 1-ви септември, освен првачињата кои поради возраста и специфичните барања во протоколот, прифатливо би било одложување на нивното образование за една или можеби половина школска наставна година, со прилагодена идна програма. Но секако наједностано им беше стартот на школската година да го одложат за еден месец . Неоправдано каснење од цел месец и изгубено драгоцено топло годишно време, со можност за настава на отворено, можност за континуирано ветреење на простории, вон сезона на настинки и грип!

Поприфатлио е наставата да се одвива нормално според предвидената динамика со утврденото време траење на часовите или минимално нивно кратење. Олабавување на мерките од Протоколот кои треба да се однесуваат на одржување на личната хигиена на рацете и работните простории.

Добра едукација на учениците, во однос на начин на живот и животни навики, вид на прехрана, спортување, движење во природа, психички тренинг, од страна на наставниот кадар и родителите за јакнење на имунитетот.

Забрана за посета на настава на ученици кои ќе покажат покачена температура и знаци на било кое вирусно заболување, лекарска контрола и потврда од лекар за здравствената состојба при враќање во училиште.

Маските за кои постои повеќе негативно отколку позитивно мислење, од страна на стручњаците, да не ги носат учениците и наставниците, односно да биде можен избор.

Сите простории во кои престојуваат учениците и вработените да се снабдат со прочистувачи со филтри за бактериолошко и вирусно прочистување на воздухот.

Родина смета ковид вирусот е меѓу нас и тој со нас останува да живее како и сите други вируси, затоа треба да го подигнеме на повисок степен знаењето за него за секој од нас да знае да се бори со него.

На Македонија и треба целосно заздравување на образовниот, економскиот и здравствениот систем, а тоа може да се постигне со правилен став кон короната.

На крајот ќе го цитираме ставот на еден од психолозите даден во јавните медиуми, кој смета дека да се држи настава во услови на корона со час од 30 минути е предизвик кој го прифаќаат, а ние ќе додадаме дека со ваков не сериозен приод до сега, ова е предизвик со голем ризик по здравјето на децата без некои социоедукативни бенефити.

Нашите деца не можат да бидат дел од предизвикот на овој не професионално изготвен документ за „машини“. Тие се личности на кои им е потребно, внимание, љубов, контакт, смеа, игра и слобода. Протоколот како документ е парче хартија во чие изготвување имаме само техничка поддршка без да се води сметка на ефектите врз правилниот психофизички и социолошки аспект во развојот на личноста на детето.

Кога ќе речеме заштита и образование на здрави млади личности не мислиме само на физичкото здравје, туку, посебно и со внимание се осврнуваме на психолошко-психичко-социолошко вредносно воспитување на тие наши млади личности!

Комисија за Образование – Родина Македонија

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

пристапница

Loading...

Related posts

Leave a Comment