Македонија

РОДИНА МАКЕДОНИЈА : ПОСЛЕ МЕГА АФЕРАТА „АТЛАНТИК“, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И СДС НЕ МОЖЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ!

ПОСЛЕ МЕГА АФЕРАТА „АТЛАНТИК“, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И СДС НЕ МОЖЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА е згрозена од УДБА методите на УБК, каде продолжува прогонот на Македонци за македонизам и во 21 век.

Следењето на Македонци, кои сосема легитимно се организираат за Бојкот на Референдумот, под обвиненија за тероризам, преставува грубо кршење на основните човекови права и злоупотреба на службена положба и овластување и само по себе претставува државен тероризам врз народот и грубо приватизирање на државниот апарат за лични политички и финансиски профит, за кое постои строга законска казна.

Како министер за внатрешни Оливер Спасовски, во владата на „премиерот“ на нелигитимната „Северна” Зоран Заев, директно одговорни за оваа МЕГА АФЕРА на невидена злоупотреба на нашите заеднички и со наши народни платени државни институции за тесни лични интереси на нелегитимно поставенти слуги на пропаднатиот глобалофашизам, бараме да одговораат за сторено КРИВИЧНО ДЕЛО.

„Според позитивните прописи во Република Македонија неовластеното снимање, прислушкување и тонско снимање е строго забрането и е предвидено како кривично дело во Кривичниот законик на РМ. Следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации, следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории може да одреди само судот како посебна истражна мерка според строго утврдени услови“

Родина Македонија бара под итно да прекине постапката за Избори во спремната кланица од истите служби и глобални западни центри и да се премине кон формирање на Техничка Експертска Влада со единствена цел, враќање на Уставот на Република Македонија, елеминирање на сите последици од државниот удар „Северна“, формирање нов Кризен штаб од угледни доктори, нормализирање на целата држава,здравствено, економски, промена на изборен закон, вистинска демократизација и демократски услови и тек тогаш да се појде на Избори во Република Македонија.

Повик до политичките партии да ја напуштат Изборната кланица!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

Loading...

Related posts

Leave a Comment