Политика

РОДИНА МАКЕДОНИЈА : ПО УКРАИНА, БАРАМЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД ДА ЈА ИСПИТА ВМЕШАНОСТА НА ЏО БАЈДЕН, БАРАК ОБАМА И ЏОН КЕРИ ВО ПУЧОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Kryeministri Zaev në takim me ish Zëvendëskryetarin amerikan Joe ...

БАРАМЕ ИСТРАГА И ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПУЧ ПО ШТОТУКУ ПОТВРДЕНОТО ГРУБО МЕШАЊЕ НА БИВШИОТ АМЕРИКАНСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ЏО БАЈДЕН ВО ДРЖАВНИТЕ РАБОТИ НА УКРАИНА!

Во јавност излегоа снимени разговори помеѓу потпретседателот во минатата влада на Барак Обама, Џо Бајден и бившиот Претседател на Украина, Петро Порошенко.
Разговорите изобилуваат со фрапантни информации за грубо мешање на бившата американска администрација во внатрешните работи на Украина.
Од разговорите може да слушнеме како е интервенирано во промената на Генералниот обвинител на Украина, поставување на нов Генерален обвинител под менторство на Џо Бајден и администрацијата на Барак Обама, итна промена на закони во Собранието на Украина, поставување на нов премиер, покачување на даноци за граѓаните на Украина по барање на ММФ…
Мотивот за мешањето на Џо Бајден како потпретседател на САД во внатрешните работи на Украина е учеството на неговиот син Хантер Бајден во украинската компанија за природен гас Буризма Холдинг.
Такви примери на превземање на дел од државните ресурси после извршени државни удари имаме и во Македонија, Косово, Либија, Сирија, Ирак…

За Родина Македонија случувањата во Украина се идентични со случувањата во Македонија.
Едно по друго дојдоа рушењата на Уставот, законите и легитимно избраната власт од страна на тимови за хибридна војна водени од западни центри на моќ во Украина и Македонија.
Ќе наведеме неколку од тие елементи на хибридна војна:

  • Политичка петта колона како главен реализитарот на целите од хибридната војна, која за власт е спремна да го одработи сценариото на западните служби.
  • Злоупотреба на невладините организации во остварување на политичка, односно геополитичка цел. Соросовите војски вешто обучувани од веќе етаблирани уривачи на држави, претставници на Канвас, Отворено општество, УСАИД итн..
  • Увоз на терористички елементи од надвор, во случајот со Украина тоа беа снјаперистите од Грузија, во Македонија тоа беше случајот со елитната УЧК единица која влезе од просторот на западниот протекторат Косово во делот на Македонија кај Диво Насеље, кумановско.
  • Директно мешање на западни претставници и заштита на чинителите на нелегални дејствија за уривање на уставниот поредок.
  • Поставување на нов Генерален обвинител во Украина, односно поставување на СЈО во Македонија, целиот процес воден од американската амбасада.
  • Поставување на нова Влада која идеално ќе ги реализира геостратешките интереси на длабоката држава.
  • Насилно менување на име, со кршење на Уставот на Република Македонија, спротивно на волјата на народот од Референдумот на 30 септември 2018 година, како и кршење на меѓународното право. Директна вмешаноста на Ангела Меркел, Тереза Меј, Себастијан Курц, Јасн Стонтелберг во процесот на Референдумот.
  • Преспанскиот договор, Тиранска платформа, Двојазичноста, Договорот со Бугарија, сите тие процеси беа водени од оперативци на западните тајни служби.

Вистината, правдата и законитоста се почеток и крај на секое политичко општествено дејствие и одговорност на секој чинител во општествениот и политички живот.
„Северна“ е геноциден проект на инжинерите за хибридна војна на западните служби кои ја регрутираа целта петта колона на државата Македонија, за остварување на сопствени геополитички цели, во суштина никогаш задоволени алчни амбиции на една глобална темна елита за ограбување и поробување на народите и државите.

Името ќе го вратиме сега, а на идните генерации ќе оставиме Суверена Република Македонија која ќе се развива во закон, Устав, чест, еднаквост, почитување и во духот на вистинската народна демократија, традиција и вредности, како што доликува за македонскиот народ.
На тој пат Родина Македонија е целосно посветена и нема да отстапи пред ниту една темна сила.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Loading...

Related posts

Leave a Comment