Политика

Родина : Стратегија и План за Реализација на Визијата за Возобновување на Македонската Државност

 

Родољубието, истрајноста, соборноста, заедништвото на Македонци од татковината и иселеништвото, со единствена мисла за добробит на нашиот македонски народ и нашата татковина Македонија, за излез од темнината која ја покри нашата земја, со светла мисла до сонцето и нашиот нов Иллинден, Редржавизација на Македонија.

Почитувани браќа и сестри Македонци, Ви ја претставуваме Нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ која е во духот на директната демократија и каде секој еден Македонец со своето знаење, ум и родољубие може да учествува во креирање на истата.

Стратегија и План за Реализација на Визијата за Возобновување на Македонската Државност
Програма Вистинскиот Македонски Пат

Единствената Македонска програма за возобновување на државноста која е базирана не на поразениот неолиберализам туку на стремежот и потребите на слободољубивите народи во надоаѓачката и победничка национална, политичка, социјална, геостратешка, економска, глобална идеологија и реалност

Одговор на глобалните, политички економски, идеолошки предизвици.

Единствена програма во новите надоаѓачки рамки на суверенизмот по цел свет.

Во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја, козметика не е лек за темелните проблеми.

Македонија сега има политичка платформа и сила за спроведување на победничката суверенистичка идеологија во мултиполарниот свет.

 

Програма Родина

Related posts

Leave a Comment