Свет

Романците на улиците против мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот

Многу демонстранти носеа транспаренти и романски знамиња и не ги почитуваа правилата за социјално дистанцирање

Неколку стотици луѓе, вклучувајќи семејства со мали деца, протестираа во Букурешт против мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, пред се заради социјалното дистанцирање и обврската да се носат маски во училиштата.

Само полицијата и новинарите носеа маски. Многу демонстранти носеа транспаренти и романски знамиња и не ги почитуваа правилата за социјално дистанцирање.

Еден од говорниците на протестот на Универзитетскиот плоштад во Букурешт ги спореди мерките за сузбивање на короната со тортурата врз неистомислениците во комунизмот.

Во Романија, како и во поголемиот дел од Европа, последните денови наводно се зголемил бројот на лица заразени со коронавирус. Минатата недела е забележан најголем број регистрирани за еден ден, 1.713.

Loading...

Related posts

Leave a Comment