Анализа

РОН ПОЛ : ШТО АКО КАРАНТИНОТ БЕШЕ ГОЛЕМА ГРЕШКА?

Trump is right, the Fed doesn't know what it's doing and it could ...

Од Калифорнија до Њу Џерси, Американците протестираат на улиците. Тие бараат да се стави крај на наредбите за куќен притвор издадени од владини службеници во врска со појавата на вирус кој дури и според најновите бројки на американската влада одзема многу помалку животи од сезонската епидемија на грип од 2017-2018 година.

Низ САД, милиони бизниси се затворени со „извршна наредба“ и стапката на невработеност се искачи на нивоа што не се видени од Големата депресија. Американците, кои видоа дека се намалуваат нивните реални плати благодарение на монетарната злоупотреба на Федералните резерви, се најдоа на работ сиромаштија и себеси ксе гледаат како стојат во редици за леб. Тоа е како во хорор филм, но е реалност.

Минатата недела, генералниот секретар на ООН предупреди дека глобалната рецесија како резултат на светскиот карантин предизвикан од коронавирусот може да предизвика „стотици илјади дополнителни смртни случаи на деца годишно“. До моментот на пишување на текстов, помалку од 170.000 луѓе се пријавени дека починале од коронавирусот ширум светот.

Многумина Американци починаа изминатиот месец, бидејќи не беа во можност да ја добијат потребната медицинска помош. Третманите на карцином се одложени на неодредено време. Животно спасувачките операции се одложени за да се направи простор за случаите со коронавирус. Во меѓувреме, болниците отпуштаат илјадници луѓе бидејќи очекуваните случаи на коронавирус не се дојдени, а болниците се делумно празни.

Што ако „лекот“ е полош од болеста?

Земјите како Шведска кои не ја затворија својата економија и не го ставија населението во куќен притвор, не се полоши во бројки на починати од оние земји што тоа го сторија. Бројот на смртните случаи на милион жители од коронавирусот во Шведска е помал отколку во многу земји кои ги заклучија своите граѓани.

Исто така, американските држави кои не ги заклучија своите граѓани за прошетки на плажа не се полоши од оние што тоа го направија. Гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, минатата недела рече: „ние успеавме да ги задржиме деловните активности отворени и да им овозможиме на луѓето да преземат лична одговорност.“ Јужна Дакота има регистрирано вкупно седум смртни случаи на коронавирус.

Кентаки, строго затворена држава,  пет пати понаселена од Јужна Дакота, но сепак има 20 пати повеќе смртни случаи од коронавирус. Ако заклучувањето и куќниот притвор се одговорот, не треба овие бројки да бидат обратно поставени, со тоа што Јужна Дакота ќе забележи масовна смртност додека Кентаки го избегнува куршумот на коронавирусот?

Кога Ентони Фаучи за прв пат предупреди дека два милиони ќе умрат, се водеше трка меѓу сојузните, државните и локалните власти за да се види кој може најбрзо да го заобиколи Уставот. Тогаш Фаучи ни рече ако го правиме она што тој го вели дека само една четвртина милион луѓе би умреле. Тие ја заклучија Америка дури и построго. Потоа, со малку повеќе од стегање на рамената, тие најавија дека ќе умрат максимум 60 000, но можеби и помалку. Тоа е секако страшно, но тоа е само висока просечна сезона на грип.

Замислете ако сме користеле дури и дел од ресурсите потрошени за да се заклучи целокупното население и да сме се фокусирале на давање помош и заштита на најранливите – стари лица и оние со сериозни медицински состојби. Можевме да ги заштитиме овие луѓе и сè уште ќе имавме економија за да се вратиме кога вирусот ќе спласне. И не би чинело шест трилиони долари.

Владите немаат право или овластување да ни кажат која деловна или друга активност е „суштинска“. Само во тоталитарните држави владата ја наметнува оваа надлежност. Ние треба да ги охрабриме сите оние што мирно се подигаат и бараат отчет од избраните лидери. Тие не треба да имаат можност да се извлечат со ова.

Извор – Ron Paul Institute for Peace and Prosperity

Loading...

Related posts

Leave a Comment