ФБ Статуси

РОСАНО ЧОЛАКОВ : ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ФИНАНСИРАНА ОД БИЛ ГЕЈТС СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО

Драги пријатели, знам дека за многумина ова не е најважната тема во социјалниот живот во Македонија, но сепак се одлучив одвремен навремене да пишувам за овие исклучително важни случувања па макар тоа било интересно само за неколкумина.

Едноставно, секое спознавање на вистината, секое проширување на свеста е значајно и вредно макар тоа било кај мал број луѓе. Со тек на време само така се постигнува критична маса која потоа предизвикува промени. Би сакал да бидам од помош на оние кои сакаат да знаат нешто повеќе за она што се случува низ светот, а има директно влијание врз нашите животи.
Дали е вистина она што го пишувам – за мене огромен дел. За другите – секој нека процени за себе.

Моите мислења и доживувања ги градев почнувајќи преку личните интуитивни показатели па преку многумината компетентни сведоштва и факти. Едно што сигурно знам е дека тоа што ни го кажуваат како „официјална вистина“ е всушност лага или полулага. Нормално се работи за оваа ненормална ситуација со Корона вирусот и посебно со она што допрва нѐ очекува.
Што се случува во оваа убава, развиена и демократска земја Германија?
Се случува нешто кое што се повеќе ги шокира луѓето. Нешто во кое многумина уште не веруваат. Германската влада на своите седници веќе директно зборува за имунитетпас, (книшка/потврда за вакцини) кој практично ќе отвара или затвора многу врати. Во кратко се повеќе луѓе имаат отворена загриженост за своите основни човекови права. Може да настане ситуација во која, се разбира не директно туку индиректно и постепено, доколку некој не е вакциниран, ќе се скратат многу можности и права кои се запишани во уставот и кои Германците без препреки ги живеат веќе со децении.
 Пратеник од ЦДУ (партијата на Меркел) Рудолф Хенке во парламентот јавно даде предлог полицијата да има право, од родителите кои ќе се противат на вакцинирањето, да ги зима децата од дома и да ги носи на вакцинирање

 

 На 12.04. беше уапсена г-ѓа Беате Бахнер (http://www.beatebahner.de/), адвокатката со своја приватна канцеларија во Хајлдерберг, која беше гласен и остар противник на корона-мерките и кршењето на основните човекови права и која поднесе дури жалба до Уставниот Суд во Карлсруе. Беше уапсена и директно спроведена на психијатрија. Официјалната верзија е дека изгледала доста налудничаво и дезориентирано и нападнала полицајци. Самата Беате остава долга порака на мобилниот телефон на сестра ѝ раскажувајќи во страв и стрес дека ја следат некои чудни типови, дека се плаши за себе и својата безбедност, дека нема кој да ѝ помогне и дека е во голема опасност. По еден ден е пуштена, но за жал адвокатката после пуштањето од психијатрија ги менува драстично своите гледишта. Потоа оди на долг одмор и не е достапна за јавноста.
 На 11.04. во предградие на Цирих со командоски полициски сили е уапсен Др. Томас Биндер, со повеќе од 20 години своја ординација (https://drmed-thomas-binder.business.site/), исто така гласен и остар критичар на корона-мерките и останатите глобалистички проекти. Самиот тој на фејсбук постира и бара помош: „…Командоси се околу мојата ординација и се плашам дека ќе ме земат. Ве молам, помогнете ми! Помош! Помош!“ . Уапсен е и однесен на психијатрија. По два дена е пуштен, но принуден е да зема терапија доколку не сака да биде задржан во психијатрија. Инаку официјалната верзија е дека имало пријава до полицијата дека докторот е психички лабилен, се заканува и најверојатно е вооружен. Тој е сега добро и продолжува понатаму со неговиот активизам.

Драги мои, ова не се некакви филмски приказни, мои размислувања или смешни теории на заговор. Ова се реални луѓе и вистински настани. Со Др. Биндер сум во контакт и секогаш му изразувам поддршка за она што храбро го прави. Се разбира дека и адвокатката и докторот се силно шиканирани и девалвирани. Успешни луѓе кои долги години имаат свои приватни ординации и канцеларии, без никакви насилнички досиеа и историја на болести, одеднаш полудуваат и се опасни за општеството. И тоа се случува во срцето на демократската Европа, во Германија и во Швајцарија. Тие што веруваат во официјалните извештаи на овие и слични настани, ќе ги оставам и понатаму да си веруваат.
Голем дел од населението во Германија сѐ уште послушно ги следи препораките од Роберт Кох Институтот. Она што на Германците им е еден од квалитетите, послушноста, сега им се јавува како слабост. Тие едноставно ги извршуваат препораките и упатствата. Тоа во историјата им се покажа на два пати како многу трагично бидејќи токму со такви заблудени маси се започнати двете светски војни. Но, сѐ поголем е бројот на населението кое се „буди“ и гласно го искажува своето мислење и негодување. Новоосновата политичка партија Отпор2020 за само неколку недели веќе брои преку 100,000 членови. Се повеќе се зголемува бројот на демонстрантите во германските градови. Врвот на владата и полицијата се се повеќе груби и немилосрдни.
Исто така, во Германија се јавуваат се повеќе професори и доктори кои имаат сосема спротивни гледишта, толкувања и противаргументи од официјалната Корона Стратегија, (Проф.Др. Водарг, Проф.Др. Бахти, Др. Бодо…штета што нема видеа со превод да можам да споделам). Тоа се поранешни професори на факултети, доктори на науки, директори. Др. Водарг бил и парламентарец и имал доста успешни и точни прогнози во кризата со свинскиот грип. Сите тие немаат никакво право да излезат на некои од медиумите во Германија. Исмеани се, критикувани, прогласени за теоретичари на заговор, ширачи на лажни вести и општествено неподобни . Незамисливо за Германија!?! Завршиле германски факултети и докторати, имале успешни кариери, искуство од 20, 30 и повеќе години во областа на инфектологијата, вирусологијата, епидемологијата и никаде нивното мислење не се зема ниту за релевантно, а не пак да се разгледа и анализира. А истите професори искажаа некои ставови на почетокот на оваа чудна криза кои се потврдија како точни. Интересно е што нивните ставови се идентични со ставовите на многумина професори и доктори од различни делови на светот, како и од Македонија. Она што Др. Вело Марковски уште на почетокот на кризата го искажа, го кажуваа и овие професори овде. Тоа значи дека се тоа релевантни научни знаеча. Но, во јавноста овде монопол врз информациите има само Роберт Кох Институтот и тие одредуваат што е точно, а што не. Дури снимаат и официјални видеа каде укажуваат граѓаните да не црпат информации од фејк извори туку да се обратат до проверени извори, а тоа се – тие, и само тие. Инаку на официјалните веб-сајтови може слободно да се види дека стотици илјадници долари се слеваат во тој Институт и слични здравствени организации во Германија индиректно, но и сосема директно од Фондацијата на Бил Гејтс.
Но, за да не биде преопширен овој текст тие податоци ќе ги оставиме за следното пишување и она што ми е мене најважно, каде во целата оваа приказна е Македонија.

Во прилог едно видео од демонстрациите кои се случија деновиве и нивото на демократија моментално во Германија.

ФБ статус на Росано Чолаков

 

Related posts

Leave a Comment