ФБ Статуси

РОСАНО ЧОЛАКОВ : КАКО БИЛ ГЕЈТС И НЕГОВИТЕ ШЕФОВИ ЈА ВОДАТ ЗДРАВСТВЕНАТА И ОПШТЕСТВЕНАТА ДИКТАТУРА ВО ГЕРМАНИЈА, ВТОР ДЕЛ

Фотографија на Rosano Cholakov.

ВТОР ДЕЛ : КАКО БИЛ ГЕЈТС И НЕГОВИТЕ ШЕФОВИ ЈА ВОДАТ ЗДРАВСТВЕНАТА И ОПШТЕСТВЕНАТА ДИКТАТУРА ВО ГЕРМАНИЈА

Во овој текст сакам да пренесам значајни податоци и факти кои укажуваат на тоа како преку разно-разни фондации и организации, донации и проекти, некои сомнителни групации навлегле во здравствените структури на Германија и го вршат својот терор кршејќе ги основните човекови права зацртани во германскиот устав. Изворт на информации е Coach Cecil со неговото видео и наведените линкови кои можат да се најдат на интернет.

 

Видеото изобилува со информации кои покажуваат многу нејаснотии и манипулации во работата на германските водечки институции, но јас ќе ги пренесам во куси црти најзначајните делови кои следејќи го течението на парите и меѓусебната испреплетеност ја покажуваат и доловуваат вистинската слика.
Роберт Кох Институтот ја игра водечката улога во Корона-Кризата во Германија. На крајно монополистички начин тој одредува кога кои мерки ќе се преземаат, кога кои ограничувања ќе се активираат, кои извори треба да се користат, а кои извори се фејк и треба да се игнорираат. Фактички преку Роберт Кох Институтот целосно се диктира начинот на живеење во Германија.
1) На сајтот на Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата може да се види дека уште во Ноември 2019 год. овој Институт добива 253,000 $ на тема: Развој на вакцини (https://www.gatesfoundation.org/…/Grants-Database/Grants/20…)
2) Понатаму преку страницата на грантови ќе видиме дека Фондацијата вложува пари во:
* Charite – Universitätsmedizine Berlin: 335,000 $,
(Др. Дростен, главниот виролог кој секојдневно се појавува насекаде е вработен токму во тој универзитет, https://virologie-ccm.charite.de/…/…/address_detail/drosten/)
* Весникот Die Zeit: 297,000$
* Весникот Spiegel Online: 2,500,000 $
* Merck Sharp & Dohme: 8,000,000 $ (фармацевтски гигант https://de.wikipedia.org/wikA/Merck_%26_Co.)
* Светска Здравствена Организација: 4,000,000 $
(а индиректно преку други фондации Гејтс ја финансира СЗО со уште поголеми суми, неформално како негова приватна организација)
3) Директорот на Роберт Кох Институтот, Проф. Др. Лотар Вилер (Специјалист по микробилогија и ветеринарство, https://www.rki.de/SharedDo…/Lebenslauf/Wieler_Lothar_H.html) истовремено е ко-претседател на работна група во СЗО за подготвеност од пандемични грипови како и член на уште 2 групи/проекти во рамките на СЗО. Исто така тој е во управниот одбор на International Association of National Public Health Insurance која е пак директно финансирана од Рокефелер и Бил Гејтс Фондациите, https://en.wikipedia.org/…/International_Association_of_Nat…. Ние велиме: Колку пари, толки музика, а може да се додаде и: Кој дава пари, тој нарачува песна  .
Др. Вилер е член и на Германската Национална Академија за Наука – Леополдина во која исто членува и Јоаким Зауер, сопругот на Ангела Меркел.
4) Понатаму Министерот за здравство Јенс Шпан, банкар кој никогаш немал контакт со медицина и здравство, избран e меѓу првите 40 млади лидери во Европа во програмата на American Council on Germany (https://de.wikipedia.org/wiki/American_Council_on_Germany). Тоа е една многу сомнителна невладина и приватна организација формирана 1952 од неколкумина банкари и политичари, кои се во раководствата на Федералните резерви на УСА и блиски до Ротчфилд, Рокефелер и Вебер. Просто кажано една организација која служи за контролирање на Германија. Министерот за здравство на Германија, која нема никаков контакт со здравството и медицината, е „дете“ токму на оваа организација. Во 1952 година во Германија истовремено се основа и сестринската организација Atlantik-Brücke (https://de.wikipedia.org/wiki/Atlantik-Br%C3%BCcke#Weblinks) во која, ако малку повеќе истражувате, ќе се запрепастите кои се луѓе биле и уште се членови во оваа организација. Високите раководители и сопственици на водечките банки во Германија и низ светот, сопственици и директори на големи светски концерни од разлчини земји и индустрии и, се разбира, актуелната канцеларка Ангела Меркел!
Уште една не толку значајна, но интересна поврзаност, Даниел Функе, (шеф на лоби и новинар во груација на медиуми) е сопруг на Јан Шпан, Министерот за здравство на Германија.
А еве го и целосниоt линк како преку оваа организација се контролираат политичарите, медиумите и практично целото јавното мислење и живеење во Германија,
(https://swprs.files.wordpress.com/…/netzwerk-medien-deutsch…).
Толку од независната политика и „мајчинската“ грижата за здравјето на граѓаните.
Значи, тоа што ние го слушаме секојдневно, тоа шта нам со драматична сериозност или мелодраматична загриженост ни се сервира од најголемите авторитети во различните области не е ништо друго освен нечија агенда во која ние и нашите животи сме големи и значајни колку и мравките. Затоа се бришат видеата и постовите на еминентни и долгогодишни професори и доктори од различни страни на светот. Затоа тие се осудени и шиканирани како десничари, екстремисти и теоретичари на заговор или, пак, се затвораат по психијатрии. Затоа за време на целава „Корона-Криза“ нема никаква дебата во медиумите помеѓу различни лекари, професори и експерти. Затоа сите тие ликови и весници и телевизии и институти една песна пеат.
Во Германија на почетокот немаше некои загрижени потреси и стратегијата беше дека овој вирус не е опасен и мерките се како за сите вируси на грип. Потоа влезе Фрау Мекрел во игра и каже дека вирусот е овде и работата е сериозна, 60% – 70% од населението ќе се зарази и треба да се направи сѐ за да се забави процесот и да не се оптоварат капацитетите. Логично и во ред. Но, по некое време сите тие сомнителни ликови (Бил Гејтс, СЗО, УН, главните премиери во ЕУ) во еден глас почнаа да повторуваат дека без вакцина нема враќање во нормален живот и (што е најстрашно!!!) дека целокупното население треба да биде вакцинирано. Дури и Папата повика на вакцинирање на целото население. Додека Исус и Мајка Тереза оделе и им помагале на лепрозните и тешко болните, Ватикан скриен во своето богатство повикува на масовно вакцинирање.
Вакцина, па вакцина, нашиот единствен спас!
Нашиот народ вели: Мижи Асан да ти баам… 
Ама за жал многу од нас уште мижат како Асан и навистина им баат за да ги спаси од страшната Корона.
Но, каде сме ние обичните граѓаните во овој свет, а посебно каде се сме ние граѓаните на Република Македонија во оваа приказна?
Сепак, медитациите во тие длабоки и за нас исклучително важни прашања ќе ги направиме за 2-3 дена.
Поздрав до сите со желба да се ангажираме бидејќи се работи за нас, нашите деца и нашиот свет.   

Loading...

Related posts

Leave a Comment