Свет

Русите го прекинуваат транспортот на гас преку Полска

Рускиот енергетски гигант Газпром објави дека повеќе не може да извезува гас преку гасоводот Јамал-Европа преку Полска.

Причината е што владата во Москва го забрани работењето со сопственикот на рутата на полскиот гасовод.

„Спроведена е забрана за трансакции и плаќања на субјекти под санкции. За Гаспром тоа значи забрана за користење на гасоводот во сопственост на Еуропол ГАЗ за транспорт на руски гас преку Полска“, се вели во соопштението на руската компанија.

„Во согласност со Уредбата на претседателот на Руската Федерација бр. 252 од 3 мај 2022 година и владина уредба бр. 851 од 11 мај 2022 година, беа воведени санкции за голем број странски компании. Меѓу нив е и EuroPol GAZ, кој е сопственик на полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа. Воведена е забрана за трансакции и плаќања во корист на лица под санкции, особено за Гаспром, што значи забрана за користење на гасоводот во сопственост на Еуропол ГАЗ за транспорт на руски гас преку Полска“, се вели во пораката на Телеграм канал, пренесува руската агенција Риа.

Русија во средата вечер воведе санкции за подружниците на Гаспром во „непријателските земји“, вклучително и компанијата за трговија, складирање и пренос на енергија Газпром Германија, која Германија ја национализираше во април за да обезбеди снабдување со гас, објави Јутарњи лист.

Москва на тој начин одговори на казнените мерки врз Русија од САД, ЕУ, Швајцарија и некои други земји поради нејзиниот напад врз Украина.

Санкционираните компании не можат да учествуваат во испораките на руски гас и не смееме да работиме со нив, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Полскиот EuroPol Gaz заработува пари од транзитот на руски гас и е во заедничка сопственост на полската гасна компанија PGNiG и рускиот Gazprom.

Русија ја прекина испораката на гас за Полска во април бидејќи го отфрли новиот механизам за плаќање гас во рубли, но полските купувачи продолжија да снабдуваат руски гас, користејќи го обратниот проток на гас во Јамал, од Германија на исток.

Пред објавувањето на Газпром, цената на бензинот скокна за околу 20 отсто на холандската берза ТТФ во четвртокот наутро.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!