Свет

Русите објавија: Чеченците влегоа во базата на Азов, вршат „чистење на Мариупол“ под водство на Кадиров

& lt; p & gt; Чеченците во Мариупол & lt; / p & gt;

Единиците на Доњецката Народна Република целосно ги контролираат предградијата на Мариупол, изјави претставникот на Народната милиција Едуард Басурин, пренесува РИА Новости .

„Ситуацијата во Мариупол е многу сложена. – Предградијата на Мариупол се целосно под наша контрола, борбите се уште траат во централниот дел, рече тој.

Басурин додаде дека нивните сили продолжуваат да „чистат“ и да го проверуваат секој квадратен метар за „напуштени мини“.

Мариупол е вториот по големина град во регионот со близу 450.000 жители, веднаш по Доњецк. Откако беше заземен од силите на ДНР во 2014 година, повторно се врати под контрола на украинските власти во јуни истата година.

На 7 март 2022 година, градот беше опколен од единиците на ДНР, руската армија и Чеченците. Мариупол е особено озлогласен град меѓу Русите бидејќи во него се наоѓа националистичкиот полк „Азов“, против чии борци е покрената кривична постапка во Москва.

Московските медиуми објавија дека руските маринци и Чеченците ја зазеле базата на батаљонот Азов, а операцијата лично ја водел чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Related posts

Leave a Comment