Здравје

Русите тврдат дека Спутник V штити од сите видови на коронавирус, вклучително и делта

Arrangements in Final Phase to Make Sputnik V Vaccine Available in 9 More  Cities Across India: Dr Reddy's

Рускиот институт што ја разви антивирусната вакцина Спутник V денес објави дека штити од „сите познати варијанти“ на вирусот, вклучувајќи ја и делтата варијанта на корона вирусот одговорен за скокот на епидемијата „Ковид-19“.

МОСКВА – Рускиот институт што ја разви антивирусната вакцина Спутник В денес објави дека штити од „сите познати варијанти“ на вирусот, вклучувајќи ја и делта варијантата на корона вирусот одговорен за скокот на епидемијата „ковид-19“ во таа земја .

Главниот град Москва и околината, како и вториот по големина град во земјата, Санкт Петербург, се особено погодени од новиот бран на инфекција и се забележуваат рекордни бројки на заразени додека програмата за вакцинација тапка во место.

Денес, московскиот регион забележа најголем дневен скок на инфекцијата од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа, во Русија се регистрирани 17.378 нови случаи на инфекција со коронавирус, а само во Москва се регистрирани 7.584 нови случаи на инфекција. На крајот на неделата, бројот на дневни нови инфекции надмина 9000.

Според градоначалникот на Москва, Сергеј Шобјанин, околу 90 проценти од новите случаи на инфекција се припишуваат на сојот делта, повеќе заразниот вид што првпат се појави во Индија и се заканува да ги преоптовари болниците во рускиот главен град.

Во тој контекст, Александар Гинтсбург, директор на центарот Гамалеј кој ја направи вакцината Спутник V, рече дека две дози од оваа вакцина „штитат од сите до сега познати соеви, почнувајќи од британската до делта варијантата, односно индиската варијанта“, пренесува Танјуг.

Тој сака да го охрабри населението да се вакцинира, додека имунизацијата е забавена поради сомневање кај луѓето и покрај постојаните повици на рускиот претседател Владимир Путин.

Related posts

Leave a Comment