СпортТенис

Нека се подготват ривалите – Новак е подготвен! (ВИДЕО)

Новак оковиќ

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, не зема пауза откако го освои Ролан Гарос, туку веднаш започна да се подготвува за сезоната на трева . Ѓоковиќ ќе настапи и на натпреварувањето во Мајорка, а со големо воодишевување пристигна на новата подлога.

Новак ќе учествува на егзибицијата на отворањето, заедно со неговиот тренер Горан Иванишевиќ и легендарниот Германец Томи Хас , а во вторник ќе игра во конкуренција на двојки.

Ѓоковиќ беше особено среќен за средбата со Иванишевиќ , кој не беше со него на неодамнешниот Ролан Гарос.

Новак беше воодушевен кога стапна на тревнатиот терен.

„О, Боже мој … Трева … Одлично чувство!“, Изјави Ѓоковиќ .

Ѓоковиќ тренирашe на терените во Мајорка, каде што ја покажа целата елеганција на својата игра.

Ѓоковиќ во Мајорка се  подготовува за Вимблдон, каде што ќе биде голем фаворит, откако Рафаел Надал се повлече, додека Роџер Федерер е далеку од старата форма.

Новак во Мајорка ќе игра со Шпанецот Карлос Гомеш Херера, а интересно, противници во првото коло ќе им бидат Никола Чачиќ (Србија) и Томислав Бркиќ (Босна и Херцеговина).

Related posts

Leave a Comment