Свет

Русија ги повика САД да се воздржат од понатамошни напади врз СЗО

Rusia advierte a los Estados Unidos contra intento bloqueo a Venezuela

Повикот следува по објавата на САД за стопирање на финансирањето на агенцијата на ООН

Москва го повикува Вашингтон да се воздржи од натамошни напади врз Светската здравствена организација по објавувањето на САД за стопирање средства за агенцијата на ООН, изјави за ТАСС рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Според високиот дипломат, СЗО работи во целосна согласност со својата повелба и се почитува во светот меѓу владите на мнозинството земји, како и научниците, медицинските лица и епидемиолозите.

„Ги повикуваме САД да се воздржат од натамошни напади врз СЗО и да преземат одговорна политика, што нема да ја уништи основата на меѓународната соработка во медицинското и биолошкото поле, туку напротив, ќе ја зајакне оваа соработка и ќе создаде основа за нејзиниот понатамошен развој “, истакна Рјабков.

Loading...

Related posts

Leave a Comment