Свет

Русија го зголеми борбениот потенцијал, повторно му парира на НАТО

руски, борци, авиони, суви, 35

МОСКВА – Русија го зголеми борбениот потенцијал на своите вооружени сили за повеќе од сто проценти од 2012 година и сега повторно стратешки му парира на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој изјави дека сите ракетни бригади сега се вооружени со системите „Искандер“ и дека од 2012 година копнените трупи примиле повеќе од 12.000 парчиња напредна воена опрема и оружје, пренесува ТАСС.

Руската авијација прими повеќе од 1.400 авиони и хеликоптери од 2012 година.

Шојгу за уделот на напредно оружје во руските нуклеарни сили

Учеството на напредно оружје во стратешките нуклеарни сили на Русија треба да се зголеми на повеќе од 87 проценти до крајот на 2020 година, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во горниот дом на рускиот парламент денес.

Снабдувањето на трупите со напредно оружје и воена опрема е донесено на ниво од 68,2 проценти, рече Шојгу, додавајќи дека до крајот на годината ќе ја достигне посакуваната бројка од 70 проценти, објави ТАСС.

„Учеството на напредно оружје во стратешките нуклеарни сили ќе надмине 87 отсто“, рече рускиот министер за одбрана

Loading...

Related posts

Leave a Comment